„Авантурите на Космонаутко“ – првото прозно дело на Денис Јанкуловски

Нови книги

Издавачката куќа „Прозарт медија“ ја објави книгата „Авантурите на Космонаутко“, првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко, која беше претставна на актуелниот Саем на книгата во Скопје.
Јанкуловски ги објавува своите приказни од времето на ковид, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж. За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрени хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и граѓански активист, тој е добитник на наградата „Европеец на годината“ за 2020-та, доделена од делегацијата на Европската Унија во Македонија. Добитник е и на наградата „Филантроп на годината“ за 2021-та, доделена од „Хорус Македонија“, а прогласен е и за амбасадор на говорот против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 г. Јанкуловски ја доби и државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022 г.
Објавувањето на „Авантурите на Космонаутко“ е поддржано од Министерството за култура.