Промоција на книгата „Триптих љубов“ од Ставре Џиков ќе се одржи на 7 јуни (четврток) во 11 часот во портата „Македонија“. Промотори се писателот Александар Прокопиев и Литов Намдаг Јачивин, конзул на Монголија, а водители: Ленче Смилевска и Часлав Митрички.
На промоцијата ќе настапат ученици на средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје.

Ставре Џиков е познат македонски правник, адвокат, поранешен судија и државен јавен обвинител на Република Македонија, публицист и автор на повеќе книги. Роден е во 1952 година во градот Џорџонов во Полска, како дете на политички емигранти-бегалци од Граѓанската војна во Грција. По потекло е од Егејска Македонија, од селото Шестево (Костурско) и од селото Чеган (Воденско). Автор е на повеќе книги со различна тематика, уметничка проза и поезија, како и стручни монографии од правната наука (обвинителската и адвокатската струка) и теми од историјата на Македонија, особено околу политичката емиграција и македонското национално прашање.