Мажите и жените од 17 казнети установи во Перу, учествуваа на првото Светско првенство за затвореници, одржано во Лима, во организација на тамошниот национален казнен институт.

Затворениците беа спроведувани во лисици и под силно полициско обезбедување, при доаѓањето на турнирот. Но, учесниците сериозно го сфатија натпреварувањето, што може да се забележи според фотографиите на кои затворениците се молат пред мечевите, ги вежбаат начините на прослава и се радуваат по головите.

Оние што не играа, ги бодреа учесниците на мечевите од трибините, а покрај теренот беше присутна и маскотата на престојниот Мундијал во Русија, како и мажоретки. Победникот доби и пехар.