Следните денови променливо облачно со повремен дожд и потопло

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, лишен од слобода осомничениот во Косово

Полициски службеници од  Единица за насилен криминал, Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, врз основа на наредби од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје презедоа повеќе дејствија за обезбедување докази со кои целосно беше расчистен настанот кој се случи за време на новогодишната ноќ пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при кој со остар предмет беше...

Невработени, студенти, ученици и пензионери, ќе можат да бидат ангажирани без губење на веќе стекнати права

Се очекува формализација на 17.400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера, а со кој се овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Новото законско решение е најавено како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници и борба...

Црниот биланс на пожарите во ноќни клубови во светот: Од трагедијата во Кочани до пеколот во Кран-Монтана

Трагичниот пожар во барот во Кран-Монтана, во кој на новогодишната ноќ загинаа најмалку 40 лица, се вбројува во долгата листа на катастрофални несреќи во ноќни клубови низ светот. Како најсмртоносен во историјата се смета пожарот во клубот „Коконат Гров“ (Cocoanut Grove) во Бостон, САД, на 28 ноември 1942 година, каде загинаа 492 лица, што доведе до драстично засилување на безбедносните...

Гиновска: 1.700 инспекциски надзори за амбиентален воздух во 2025, утврдени 398 неправилности

До 20 декември 2025 година се реализирани 1.700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, од кои 839 редовни, 532 вонредни и 329 контролни инспекциски надзори. Утврдени се 398 неправилности и издадени се исто толку решенија во инспекциската постапка. Покренати се над 30 прекршочни и четири кривични постапки, соопшти на денешната прес-конференција во Владата директорката на Државниот инспекторат за животна средина...

Засега нема информации за македонскиот државјанин кој се води за исчезнат по несреќата во Кран Монтана

Засега нема дополнителни информации за македонскиот државјаник кој се води како исчесзнат по пожарот во швајцарскиот зимски центар Кран Монтана. - Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има едена личност со македонско државјанство. Во контакт сме со швајацарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста, изјави...

Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, приведени 132 лица за безобзирно управување на возило, велат од МВР

Во декември лани биле издадени 19.750 издадени платни налози за сообраќајни прекршоци, од кои 4.256 биле за непочитување на пропишаната брзина. Од слобода се лишени 132 лица за безобзирно управување со возило. -Во периодот од 1-ви до 31 декември минатата година  како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата...

Почина двегодишното дете што беше повредено на новогодишната ноќ, наредена обдукција на телото

Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на двегодишното дете кое почина како последица на повреда здобиена за време на новогодишната ноќ. - Во однос на починатото двегодишното дете, Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото - соопштија денеска од Обвинителството. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера во изјава за медиумите  информираше дека за време на...

Во новата година треба да продолжи изградбата на автопатските делници ширум земјава

Патната карта на Македонија во годината што измина доби 37 автопатски километри на две делници на Кичево-Охрид  и 51,5 експресни километри, на делниците Градско-Дреново и Крива Паланка – Длабочица – Страцин. Во новата година треба да продолжи изградбата на автопатските делници Тетово-Гостивар, Гостивар -Букојчани и Прилеп-Битола на коридорите 8 и 10д од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“,...

САД ќе интервенираат ако Иран продолжи насилно да ги потиснува мирните протести, порача Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ако Иран продолжи да „пука“ и „убива“ демонстранти, САД „ќе одат да ги спасат“. - Подготвени сме да дејствуваме - рече шефот на државата во објава на неговата платформа за социјални медиуми, Трут Социјал (Truth Social). Претходно денеска, растечките протести, предизвикани од влошената економска состојба на Иран, се прошириле во руралните области на Исламската...