Под мотото „MAKE IT EPIC“, Шпаркасе Банка во рамките на својата VIBE ON
платформа за млади ја проширува понудата на финансиски производи за млади
до 28 години, и тоа со нови потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит за млади,
можност за дозволено пречекорување, како и нов VIBE ON+ пакет за млади.
Како банка со едно од најголемите семејства на млади клиенти во земјата,
Шпаркасе Банка континуирано ги следи нивните потреби, го слуша нивниот глас и
создава производи што носат вистинска вредност во различните животни фази –
од првите финансиски одлуки до обезбедување сопствен дом и поголема
финансиска независност.
Новата VIBE ON понуда е креирана со цел да обезбеди поголема флексибилност,
достапност и поддршка за младите во секојдневието и во реализацијата на
нивните лични планови. Во рамките на понудата, достапни се:
– VIBE ON потрошувачки кредит – за поголема финансиска флексибилност и
поддршка за секојдневни потреби, патувања, едукација или лични планови;
– VIBE ON станбен кредит за млади – создаден за да им помогне на младите
полесно и побрзо да дојдат до свој дом;
– VIBE ON хипотекарен кредит – решение за поголеми животни инвестиции и
долгорочна сигурност;
– Дозволено пречекорување по платежна сметка за млади – дополнителна
финансиска поддршка кога е најпотребна.
Дополнително, Шпаркасе Банка го воведува и VIBE ON+ пакетот за млади од 25
до 28-годишна возраст како надградба на постојниот VIBE ON пакет за млади од
15 до 24-годишна возраст, со уште повеќе бенефити приспособени на динамичниот
начин на живот и навиките на младите генерации.
VIBE ON веќе е препознатлива платформа за млади, создадена за генерациите
што сакаат поинакво банкарско искуство – поедноставно, подостапно и поблиско
до нивниот начин на живот. Преку постојниот VIBE ON пакет, наменет за млади до
24-годишна возраст, како и првата и единствена VIBE ON експозитура за млади во
земјата, Шпаркасе Банка континуирано гради заедница во која младите се
слушнати, разбрани и поддржани во секој значаен животен чекор. Новата VIBE ON
понуда е уште една потврда за посветеноста на Шпаркасе Банка кон создавање
финансиски решенија што растат заедно со младите.
#ВерувамеВоМладите
*Комерцијална објава
































