Истрага за пожарот во швајцарското одморалиште

Истражителите кои се обидуваат да ја пронајдат причината за катастрофалниот пожар во кој загинаа најмалку 40 лица во швајцарски скијачки центар Кран Монтана, исто така, ги разгледуваат снимките од местото на настанот за време на смртоносната новогодишна забава. Фоторафиите што се споделуваат на социјалните мрежи покренаа прашања за тоа што го предизвика пожарот, кој се прошири со брзина на молња...

Надминати проблемите, МЖ Транспорт продолжува непречено да работи

Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања. - Денес остваривме средба со државниот секретар во Министерството за транспорт г-дин Стефан Волкановски во врска со делумниот бојкот на поголемиот дел...

Мицкоски најави состанок со „АКСА“, за најавената инвестиција од една милијардна евра во гасификација

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „АКСА“ за најавената инвестиција од една милијарда евра во гасификација и конечно, ако се оди според планот на есен, да почнеме со камен-темелник во 2026 година. За најавената гасификација и инвестицијата на гигантот „Акса“, Мицоски, одговарајќи на...

Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, заклучно со април 2026 нема да има пензија под 15 илјади денари, вели Мицкоски

Со линеарното зголемување на пензиите, не само што се намалува јазот, односно се зголемува правилната распределба на приходите, туку се намалува и стапката на сиромаштија, бидејќи пензионерите се најсиромашната група граѓани, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со интервенцијата започната од ноември 2024 година, заклучно со април 2026 година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите за седум илјади денари...

По 5.000 денари за секое новороденче во Општина Бутел

Секое новороденче во општина Бутел ќе добие еднократен паричен надомест во износ од 5.000 денари. Градоначалникот Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека предизборното ветување за финасиска поддршка од 3.000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5.000 денари. - Локалната самоуправа за првпат обезбедува средства во износ од 5.000 денари, како резултат на домаќинска...

Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека образованието ќе биде еден од врвните приоритет за оваа година, и оти ако сакаме да бидеме во првите илјада на Шангајската листа на универзитети треба да се зголеми бројот на научно-истражувачки трудови. -Без квалитетно образование и без квалитетна наука не можеме да јакнеме ниту како нација ниту како држава. и во име на тоа...

Царината во 2025-та наплатила 2,14 милијарди евра, во Буџетот се слеале 105 милиони евра повеќе од 2024

Царинската управа во 2025 година наплати приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра што претставува раст од 5,2 проценти или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година. Како што соопшти Царинската управа, раст е забележан по сите основи – наплатата на приходите од царина бележи раст од 15,5 проценти, од данок на моторни возила 12,5 проценти, од...

Министерство за економија идната ќе анализира дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците

Министерството за економија и труд идната недела ќе прави анализа на цените на производите на крајот на минатиот месец и почетокот на месецов за да утврди дали имало поскапување и девијантно однесување од страна на трговците. - Идната недела ќе ги анализираме податоците за цените од крајните денови на декември и првите денови од јануари и ќе бидете известени дали...

Пронајдени и одземени 10 килограми кокаин во возило, возачот е уапсен

Дваесет и шестгодишниот И.Е од Скопје е лишен од слобода откако во возилото со кое управувал се пронајдени 10 килограми кокаин. За него ќе биде предложена мерка притвор, а бидејќи станува збор за големо количество дрога, јавниот обвинител издава повеќе наредби со цел испитување на потеклото на кокаинот и неговата крајна дестинација, како и можни други инволвирани лица. -На 31.12.2025...

Осомничен за убиството во Старата чаршија уапсен на Косово, почнува постапка за екстрадиција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик, информираше Основното јавно обвинителство. Како што информираат оттаму, во новогодишната ноќ,...