Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувано е тело на 17-годишен италијанец

Сопствениците на барот „Констелејшн“ во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, каде што се случи трагедијата на новогодишната ноќ, се живи, објавија француските медиуми. Станува збор за Џесика и Жак Морети, по потекло од Корзика. Според неколку француски онлајн портали, брачната двојка го презела популарниот бар во скијачкиот центар во 2015 година. Покрај „Констелејшн“, тие управуваат и со друг угостителски објект...

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава се во делумен прекин поради бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт, изјави денеска за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикалната организација на машиновозчаи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт. Бојкотот е почнат вчера, поради, како што вели Димовски, неисплатен втор дел...

Обвинителен акт за возачот што смртно го прегази Јорго Ќука на пешачки пред мостот „Гоце Делчев“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец, кој на 3 ноември минатата година удри во велосипедистот Јорго Ќука на пешачки пред мостот „Гоце Делчев“, кој од здобиените тешки повреди почина на лице место. На обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“...

Објавени фотографии од моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана

Францускиот информативен канал „БФМ ТВ“ (BFM TV) објави фотографија која го прикажува точниот момент на избувнување на пожарот во ноќниот клуб во Кран-Монтана. На сликата се гледаат кренати шишиња со шампањ опремени со пиротехнички свеќи, чии искри го палат акустичниот сунѓер на таванот. Швајцарскиот медиум „Блик“ (Blick) исто така објави видео, снимено неколку секунди подоцна, кое ја демонстрира брзината со која...

Русија вели дека им дала на САД доказ за украински напад врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека декодирало навигациски податоци од украински дрон за кои тврди дека покажуваат планиран напад врз резиденцијата на претседателот Владимир Путин и дека материјалот им го предало на американските претставници. Министерството соопшти дека декодираните податоци, презентирани во папка заедно со компонента на дрон, им биле дадени на службеници од канцеларијата на американскиот воен аташе, сместена...

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште

Прскалки во шишиња е можна причина за пожарот кој избувна за време на новогодишната забава во барот „Констелејшн“ во швајцарското одморалиште Кран-Монтана, во кој загинаа повеќе од 40 лица, а 115 беа повредени, објави денеска француската телевизиска станица БФМ. Фотографијата објавена на веб-страницата на БФМ ги прикажува гостите на барот, претежно млади луѓе, како држат шишиња шампањ високо во рацете,...

Живееме подолго, но сме помалубројни: Повеќе умрени од родени, сè помалку бракови, сè повеќе разводи

Очекуваниот животен век во Македонија се зголеми за една година и достигна 76,6 години, но земјата продолжува да се соочува со негативен природен прираст. Во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лица, што значи намалување на населението за над 4.000 жители. Позитивен прираст имало само во Скопскиот регион, додека во останатите региони бројот на починати значително...

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со набавките во РЕК Битола

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 8 физички и 1 правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола, информираше утринава ОЈО. Како што наведува обвинителство во соопштението, во текот на 2023 година, петмина од обвинетите, како службени лица – директори и раководители на подружници во РЕК Битола, вклучувајќи го и...

Можна причина за пожарот во Швајцарија се свеќи поставени блиску до дрвен плафон

Можен причинител за пожарот во барот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана се декоративни свеќи закачени премногу блиску до плафонот на барот, пренесе денеска швајцарскиот весник „Темп“, повикувајќи се на сведочењата на две Французинки кои биле во објектот. Тие навеле дека свеќите, забодени во празни шишиња од шампањ, биле закачени премногу блиску до дрвениот плафон, кој лесно се запалил, а огнот брзо...

Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во Кран-Монтана

Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот што го зафати популарниот бар во скијачкиот центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, во кој загинаа повеќе од 40 лица, а 115 беа повредени, додека граѓаните им оддаваат почит на жртвите, а истрагата и идентификацијата на жртвите продолжуваат. Според швајцарскиот портал „20mintes“, знамињата на зградите на институциите во земјата ќе бидат спуштени на половина копје...