Бензинот ќе поскапи за еден денар
Од полноќ цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден денар, а на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 денaраи за килограм и сега ќе изнесува 33,883 дененари за килограм.
Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе...
Вештачката интелигенција како алатка е предност за оние што ја користат, истакна Андоновски
Вештачката интелигенција не ги заменува луѓето, туку луѓето што ја користат ќе ги заменат оние кои не ја користат. И во јавниот и во приватниот сектор. Таа помага работите да се извршуваат побрзо, поефикасно, поточно, анализите систематично да се прават побрзо, текстовите да се подготвуваат побрзо.
Ова денеска во Собранието го изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски каде учествуваше...
Во дијалог сме со ЕК за барањата на превозниците, соопштија од Министерството за транспорт
Министерството за транспорт информира дека во координација со Европската Комисија се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната, како и дека ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде решение за проблемот.
-Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со...
Велика Британија ги враќа дабарите во природата по 400 години
Шест дабари се пуштени во дивината на две локации во англискиот округ Сомерсет како дел од проект за обновување на речните и мочуришните живеалишта. Ова е најновиот обид за враќање на овој вид во природата по повеќе од четири века истребување во Велика Британија. Дабарите беа пуштени на имотот Холникот, кој го управува Националниот фонд во Националниот парк Ексмур....
Објавено второ издание на „Македонска љубовна лирика“
Во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“ и по повод 35 години од своето основање, „Матица македонска“ објави второ издание на антологијата „Македонска љубовна лирика“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски – книгата во која најубавите македонски љубовни стихови се собрани на едно место.
На близу 500 страници, со 342 песни од македонски поети од сите генерации, во...
И понатаму критично во Кичево и во Гостивар, Вардар и Треска сè уште се на високо ниво
Обилните врнежи од дожд во текот на викендот предизвикаа проблеми низ целата држава. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека најкритична е состојбата во Кичево и во Гостивар, каде екипите на противпожарната единица, полицијата и комунални служби биле на терен во текот на целата ноќ.
Според ЦУК, најкритична состојба е регистрирана во селото Форино, кое е најпогодено од...
Објавен албумот „Простор без движење“ на „Трето колено“
„Трето колено“ е нов проект создаден од Пеце Брада Трајковски, попознат на музичката јавност како член на „Фолтин“ и „Моира“, и од современиот трубадур и поет Дејан Деки Марковски.
Издавањето на албумот „Простор без движење“ претставува симболично заокружување на една година сонлив надреализам на ова уникатно битолско акустично дуо. Музичкиот материјал во осум чина (песни), со текстови на македонски и...
МОК размислува за поместување на датумот на следните ЗОИ
Потоплите зими ги загрозуваат зимските спортови
Потоплото време од вообичаеното за февруари во италијанската Кортина д’Ампецо е уште еден показател за влијанието на климатските промени врз зимските спортови. Метеоролозите предупредуваат дека ваквите температури се најмалку трипати поверојатни денес отколку во минатото, а промените веќе создаваат сериозни предизвици за организаторите на Зимските олимписки игри.
Навивачите, кои пристигнаа во Кортина опремени со дебели...
Изложбата „Кинетички арт-театар“ на Петко Јакимов во Софија
Како резултат на соработката меѓу Македонскиот културно-информативен центар во Софија и Новиот бугарски универзитет е отворена изложбата „Кинетички арт-театар“ од Петко Јакимов. На изложбата, тој ги претставува своите графички студии како идејни решенија за кинетички скулптури, дел од истоимениот проект „Кинетички арт-театар“. Делата се создадени со спој на класичен цртеж и дигитални ликовни средства. Преку овие студии авторот ги...
За концертот на Раде Шербеџија – ненаметливиот крал на шансоната
Постојат луѓе што не се однесуваат дрско, не се гласни, едноставно се тивки, ненаметливи, полека си тераат по свое, чекор по чекор и како такви ги достигнуваат најголемите височини, небаре мислиш они го живееле животот во стаклена кутија, а тие всушност поминале сѐ и сешто и кога го достигнале врвот, останале такви, прекрасни. А и имаат за што да...







































