Зеленски директно се вмеша во унгарската изборна кампања, обвини Орбан
Украинскиот претседател Володимир Зеленски „директно се вмеша“ во унгарската изборна кампања напаѓајќи ја унгарската влада, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој објави на Фејсбук дека во текот на изминатата недела, политичките напади од Украина достигнаа ново ниво.
- Кога Зеленски ме напаѓа лично затоа што не го поддржуваме забрзаниот пристап на Украина во ЕУ, тој всушност ја доведува во прашање...
Законот за заштита од пушење е во финална фаза, следната недела пред Владата, објави Министерството за здравство
Министерството за здравство ги демантира тврдењата дека ќе има одложување на донесувањето и спроведувањето на законот за заштита од пушење и најавува дека следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Фазноста, велат од МЗ, се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени, бидејќи, како...
Боите на Св. Трифун низ делата на македонските уметници
Како круна на бројните културни настани што се реализираа во рамките на празнувањето на заштитникот на лозарите Св.Трифун во петокот на 13. февруари во музеј-галеријата во Кавадарци беше отворена ликовната изложба под наслов „Боите на Св.Трифун низ делата на ликовните уметници од Мкедонија 2026“.
Ова трето издание на изложбата „Боите на Св.Трифун“ што се одржува во годината кога музејот го...
„Со една четка два зајака“ на Владимир Мартиновски претставува поетско понирање во светот и во животот на животните
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и во домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски го создал автентичниот поетски бестијариум „Со една четка два зајака“. Книгата, во издание на „Арс либрис“, дел од „Арс ламина – публикации“, беше промовирана со поетско читање на Мартиновски и Биљана Стојановска.
Стихозбирката „Со една четка два зајака“...
Светска премиера на македонскиот филм „17“ на Европскиот филмски маркет и Берлинале
Агенцијата за филм и оваа година ќе биде присутна со свој промотивен штанд на Европскиот филмски маркет до 18 февруари, во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале.
Македонскиот штанд ќе биде поставен на централна локација во музејот „Гропиус бау“, каде што традиционално се одвива индустрискиот дел на фестивалот. Преку присуството на маркетот, македонската делегација ќе ги претстави...
Иран нема да подлегне на притисоци за време на преговорите со САД, истакна Арагчи
Иран влегува во преговорите за својата нуклеарна програма со Соединетите Американски Држави со „реални идеи“ и нема да подлегне на притисоци за време на тие разговори, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.
Тој напиша на платформата „Икс“ дека е во Женева поради нова рунда индиректни преговори со САД со конкретни предлози и дека Иран сака праведен договор.
Арагчи...
Трипуновски најави нови критериуми за праведна распределба на субвенциите
Зголемување на критериумите за добивање субвенции и засилени теренски контроли на корисниците на финансиска поддршка, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Трипуновски, кој на брифинг со новинарите ги сублимира досегашните и следните активности на Министерството за земјоделство, објасни дека контролите нема никако да бидат тенденциозни, а ќе се спроведуваат зашто се вооочени корисници на субвенции кои...
Тетовската полиција поднесе кривична пријава за организирање проституција
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од скопското село Бојане, поради сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“.
Истовремено, пријава е поднесена и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово, осомничен за „помагање“ при извршување на делото.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово,...
Роденденска недела на театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
По повод 76 години од формирањето на театарот „Војдан Чернодрински“ од вечерва до 21 февруари ќе се одржи манифестацијата „Роденденска недела“, на која ќе бидат прикажани четири претстави во Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“ и на 21 февруари театарот со „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски, ќе гостува во МНТ во Скопје.
Богатата театарска програма започнува вечерва од 20...
Megawin.mk единствена легална интернет платформа што одговорно ја претвора среќата во забава
Со јасни правила, највисоки стандарди на сигурност и целосна законска заштита, Megawin.mk ја гради својата препознатливост како доверлив партнер за сите што сакаат да ја испробаат својата среќа онлајн.
Megawin.mk за кратко време стана препознатлива онлајн-платформа за сите што сакаат да ја испробаат својата среќа онлајн. Како единствена легална интернет платформа за игри на среќа во Северна Македонија, таа стекна...







































