Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно му се закани на Иран дека ништо нема да остане од него доколку неговите лидери брзо не преземат одредени чекори.
– Времето истекува за Иран и подобро да побрзаат или од нив нема да остане ништо. Времето е од суштинско значење – напиша Трамп на својата платформа „трут Социал“ (Truth Social).
































