Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека работите за ставање во употреба на граничниот премин Клепало на македонско-бугарската граница од наша страна се завршени, како и дека од бугарска страна проектот почнал да се реализира и дека очекува тоа да продолжи по изборот на новиот министер за транспорт во Софија.

-Во однос на Клепало, од наша страна целосно се завршени работите. Во координација со релеватните институции МВР, Царинската управа и останатите институции коишто се поврзани со граничниот премин од наша страна е се завршено. Проблемот беше на бугарска страна. Морам да кажам дека претходниот министер за транспорт и вицепремиер на Бугарија Гроздан Караџов го раздвижи проектот и дека со изборот на нов министер дополнително ќе се реализира овој проект и ќе можеме да се поврземе од двете страни – рече Николоски, пренесе МИА.