Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, поддршката ќе оди кај вистинските земјоделци
Нема да има кратења на субвенциите, туку ќе се воведат дополнителни условувања во делот на производството. Целта е да се зголеми продукцијата на храна и финансиската поддршка да ја добијат вистинските земјоделци, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Трипуновски најави засилени, но не, како што напомена, тенденциозни контроли на терен, зашто се забележани корисници на субвенции...
ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира последната блокада со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Последната институција која ќе биде блокирана е Владата. Ќе бидат блокирани влезовите на Владата од 11 часот.
Блокадата, велат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите до 31 декември не се...
Мобилните царински тимови во 2025 година со 271 случај на заплени
Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи 195,5 килограми дрога, во 14 случаи 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови.
Царинската управа соопшти дека е постигнат значителен напредок и во...
Ивановски: Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка
Директорот на ЈП „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски, на својот фејсбук-профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те во делот на изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка, информираат од Министерството за транспорт.
- Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15-те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија (Бељаковце - Крива Паланка)....
Гаши: Пратениците да ги почитуваат дигнитетот и етичкиот кодекс во меѓусебната комуникација
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска на средба со новинарите информираше дека ги повикал координаторите на пратеничките групи да им пренесат на пратениците дека треба да го сочуваат дигнитетот на Собранието и да го очитуваат етичкиот кодекс во меѓусебната комуникација како внатре во законодавниот дом така и надвор од него. Гаши потврди дека овој свој став го изнел на...
Сто години Прилепски мечкари и 25 години карневал Прочка во Прилеп
Општина Прилеп, како и сите инволвирани институции, ги прават последните активности за успешна организација на претстојниот карневал „Прочка 2026“ со што ќе се одбележат 100 години од Прилепските мечкари и 25 години од постоењето на карневалот. По тој повод денеска во општина Прилеп се одржа прес-конференција на која беше најавен карневалот и активностите што ќе се случуваат од 20...
Рано е да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети, вели Трипуновски
Сѐ уште е рано да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети по поројните врнежи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Сега, како што изјави по брифигот за новинарите, се работи на санација и нормално функционирање на речните корита, за да нема поплавувања на површините.
- Не можеме да кажеме за колкава земјоделска површина станува збор....
УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува
Пилот-фазата на националниот систем за е-фактура успешно се спроведува во реални услови и веќе покажува мерливи резултати кои ја потврдуваат активната подготoвка на деловната заедница за новиот модел на дигитално фактурирање, соопшти денеска Управата за јавни приходи.
До овој момент, за тестирањето се најавени 148 компании, од кои 57 успешно се регистрирани во системот. Од нив, 15 компании активно го...
Бензинот ќе поскапи за еден денар
Од полноќ цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден денар, а на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 денaраи за килограм и сега ќе изнесува 33,883 дененари за килограм.
Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе...
Вештачката интелигенција како алатка е предност за оние што ја користат, истакна Андоновски
Вештачката интелигенција не ги заменува луѓето, туку луѓето што ја користат ќе ги заменат оние кои не ја користат. И во јавниот и во приватниот сектор. Таа помага работите да се извршуваат побрзо, поефикасно, поточно, анализите систематично да се прават побрзо, текстовите да се подготвуваат побрзо.
Ова денеска во Собранието го изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски каде учествуваше...







































