Дијалогот е единствениот начин за договор за минималната плата, порача Азески
Дијалогот е клучен за решение на проблемот со минималната плата, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ќе биде отворен Инвестициски центар.
Прашан за барањата за зголемување на минималната плата и протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Азески рече дека со протести нема да...
Менаџер осомничен за затајување речиси 2,8 милиони денари
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување, согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот...
ЕУ нема да биде членка на Одборот за мир на Трамп
Еврокомесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, ќе отпатува во Вашингтон за да присуствува како набљудувач на состанокот на Одборот за мир, формиран од американскиот претседател Доналд Трамп. Европската комисија нема да стане членка на тоа тело, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие.
- Европската комисија нема да стане членка на Одборот за мир, но ние учествуваме на овој состанок...
„Рати по твој избор само во Шпаркасе Банка!“ – за потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит
Повеќе контрола, помалку грижи – нов кредитен модел на Шпаркасе Банка. Со „Рати по твој избор!“, Шпаркасе Банка на своите клиенти им нуди вистинска финансиска флексибилност и чувство на сигурност кога им се најпотребни. Оваа флексибилност на клиентите им овозможува да направат избор на висината на ратата во оние месеци во кои тие имаат потреба и/или можност да плаќаат...
Поплави и свлечишта во Полошкиот Регион, нормализирана состојбата во Кичево
Центарот за управување со кризи информира дека до 13:30 часот денеска обилните врнежи од дожд предизвикале проблеми во повеќе региони во државата. Полошкиот, Кумановскиот, Кичевскиот и Скопскиот Регион се најпогодени, со регистрирани поплави, свлечишта и оштетувања на инфраструктурата. Според ЦУК, во северозападниот дел од земјата евидентиран е поголем број интервенции, а на одредени населени места е извршена и евакуација...
„Безбеден град“ регистрирал помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари
Од 9 до 16 февруари 2026 системот „Безбеден град“ во градовите и на коридорите, каде што се поставени камери, регистрира вкупно 4.490 прекршоци, што е помалку за 10 проценти во споредба со првата седмица во февруари кога беа регистрирани 4.991 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Најголем број од прекршоците, односно 4.297, се за управување возило со брзина поголема од...
Намалена матноста на водата во изворот Шум, забраната за користење останува
Нивото на заматеност на водата на изворот Шум, од каде што се снабдуваат со вода Струга и околните населени места се намалува, но сѐ уште е над дозволеното и забраната за секаква употреба продолжува.
Денешните мерења на Центарот за јавно здравје - Охрид покажуваат 3,62 отсто матност на мострите од изворот Шум. Во градот матноста се движи од 3,69 до...
Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, поддршката ќе оди кај вистинските земјоделци
Нема да има кратења на субвенциите, туку ќе се воведат дополнителни условувања во делот на производството. Целта е да се зголеми продукцијата на храна и финансиската поддршка да ја добијат вистинските земјоделци, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Трипуновски најави засилени, но не, како што напомена, тенденциозни контроли на терен, зашто се забележани корисници на субвенции...
ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира последната блокада со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Последната институција која ќе биде блокирана е Владата. Ќе бидат блокирани влезовите на Владата од 11 часот.
Блокадата, велат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите до 31 декември не се...
Мобилните царински тимови во 2025 година со 271 случај на заплени
Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи 195,5 килограми дрога, во 14 случаи 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови.
Царинската управа соопшти дека е постигнат значителен напредок и во...







































