Трамп го предупреди Иран за сериозни последици доколку не се постигне договор, а од Украина побара забрзување на мировните преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран за „последиците од непостигнувањето договор“ во разговорите меѓу САД и Иран оваа недела во Женева. -Ќе учествувам во овие преговори, директно - рече американскиот претседател пред претставници на медиумите, во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, додека патуваше за Вашингтон. -Тие сакаат да склучат договор (...) Не мислам дека сакаат да ги сносат последиците од...

Најмалку двајца загинати во вооружен напад на младински хокеарски натпревар во САД

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во синоќешното пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, Род Ајленд. Еден од загинатите е напаѓачот, кој по инцидентот се самоуби. Напаѓачот истрелал најмалку десет куршуми, а еден од гледачите се обидел да го разоружа. Полицијата го идентификуваше напаѓачот како Роберт К. Дорган, кој, според шефот на полицијата, се идентификувал и како Роберт Еспозито....

Зголемување на минималната и останатите плати во фокусот на барањата на ССМ

Сојузот на синдикати денеска со блолада на пристапите кон Владата ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција која ќе биде блокирана од синдикатот откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора. Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не...

Изворите кај с. Шум и потенцијалните ризични точки во поширокото подрачје на Струга (2)

Анализа Во време на зголемени потреби, а со тоа и притисоци за експлоатација на природните ресурси, изворите во селото Шум повторно се најдоа, по многу непријатен повод, во фокусот на јавноста. Во тој контекст, во вчерашниот број се осврнавме на последните настани поврзани со случајот „загадена пивка вода во Струга" вклучително и на некои индикатори за можни причинители на хаваријата...

Нестабилно време: Дожд, снег и значително заладување

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови од државава ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер - соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал...

Јавното здравје под притисок: Тутунот одзема околу 70.000 животи во Франција

Во Франција во 2023 година се регистрирани приближно 68.000 смртни случаи поради тутун, главно од рак, но и од кардиоваскуларни и респираторни болести, што и понатаму претставува преголемо оптоварување за јавното здравје, покажуваат најновите податоци на Јавното здравство на Франција (СпФ). -Три четвртини од овие 68.021 предвремени смртни случаи се однесуваа на машката популација. Пушењето предизвика смрт кај 49.361 маж...

Мисајловски најави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во пролетниот рок. – Кога ќе...

Според ОН, откритијата поврзани со Епстин отвораат сомнежи за злосторства против човештвото

Таканаречените „досиеја на Епстин“, кои неодамна ги објави американското Министерство за правда, содржат вознемирувачки и веродостојни докази за систематско и обемно сексуално злоставување, трговија со луѓе и експлоатација на жени и девојчиња, кои можат да бидат карактеризирани како злосторства против човештвото - соопштија денеска експерти на ОН. Како што наведуваат, овие дела би можеле да се сметаат за сексуално ропство,...

Струмица и Скопје ќе бидат домаќини во Европската лига 2026

Машката сениорска репрезентација на Македонија настапот во новото издание од Европската лига 2026 ќе го започне на домашен терен, односно како еден од домаќините на првите турнири, кога од 5 до 7 јуни во салата „Парк“ во Струмица ќе ги пречека националните тимови на Луксембург и Холандија. Со ваквата одлука на Федерацијата, Струмица, односно хотелот „Пандев“ и салата „Парк“ остануваат...

Внатрешна анализа на факултетите во фокус за новиот Закон за високо образование, вели Мираковски

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски вели дека во моментов се спроведуваат внатрешни постапки во рамките на факултетите за детална анализа на сите аспекти на новиот Предлог - Закон за високо образование. Утре е предвиден колегиум на кој, како што посочува Мираковски, ќе се презентираат забелешките, по што ќе се формира Комисија која ќе ги сублимира ставовите на...