Сенаторот од округот Борно Југ, Али Ндуме, изјави дека денеска биле киднапирани 42 ученици, од кои 32 деца биле одведени од училиште, а уште 10 од нивните домови во близина на училиштето.
Според информациите, вооружени напаѓачи уште вчера киднапирале непознат број ученици од основно и средно училиште во локалната самоуправа Аскира-Уба за време на наставата.
Засега ниту една група не презела одговорност за киднапирањата, но во минатото слични напади извршуваше исламистичката милитантна група Боко Харам.
Округот Борно, кој граничи со Камерун, Чад и Нигер, повеќе од 15 години важи за центар на активностите на Боко Харам. Во 2014 година групата киднапираше повеќе од 270 девојчиња во еден од најпознатите напади во Нигерија.
Според податоците на Обединети нации, Боко Харам во изминатата деценија убила илјадници луѓе и раселила милиони жители, а продолжува да дејствува и во делови од Камерун, Чад и Нигер.
Организацијата, формирана во 2002 година во Нигерија, се залага за воведување шеријат и е против западното образование, западната култура и организирањето избори.
Во меѓувреме, Доналд Трамп и нигерискиот претседател Бола Тинуба соопштија дека утрово бил убиен вториот командант на Исламска држава на глобално ниво, Абу-Билал ел Минуки.
































