Времена измена на сообраќајот на автопатот А-1 кај Петровец, ќе се вози по лентите за претекнување
На Автопат А-1 делница клучка Миладиновци клучка Петровец денеска и утре ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички захват од ДПТУГ „Електра Груп“ ДООЕЛ, кај клучка Аеродром во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, пренесува МИА.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно...
Нуклеарните преговори отвораат можност за соработка меѓу Техеран и Вашингтон во секторот за нафта и гас, вели Пакнеџад
Актуелните нуклеарни преговори отвораат можност за соработка меѓу Техеран и Вашингтон во секторот за нафта и гас, изјави иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад, пренесе иранската агенција Мехр, пренесува МИА.
- Сè е можно - рече Пакнеџад кога беше запрашан какви се шансите за иранско-американска соработка во секторот за нафта и гас во контекст на нуклеарните преговори, објави иранската агенција.
Меѓутоа,...
ЈСП Скопје воведе онлајн надополнување на картичките
Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека од денеска патниците можат онлајн да ја надополнат својата картичка со билети или со парични средства.
Од ЈСП посочуваат дека новата функционалност е достапна преку официјалната веб-страница skopjebus.mk, што овозможува брзо и едноставно надополнување без потреба од посета на продажно место.
- Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја...
Во одмазнички напади во Мексико загинаа 25 припадници на Националната гарда
Мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Арфуш денеска изјави дека 25 припадници на Националната гарда загинале во сојузната држава Халиско во шест одмазднички напади откако армијата вчера го уби шефот на наркокартелот „Халиско нова генерација“ (ЦЈНГ), Немесио Рубен Осегер Сервантес – Ел Менчо, пренесува МИА
Во акцијата против Ел Менчо загинаа 30 членови на наркорателот, еден затворски чувар, еден агент...
Европскиот парламент го одложи гласањето за спроведувањето на царинскиот договор меѓу ЕУ и САД
Европскиот парламент денеска го одложи гласањето за спроведувањето на царинскиот договор меѓу ЕУ и САД, изјави претседателот на парламентарниот комитет за меѓународна трговија Бернд Ланге, пренесува МИА.
„Сакаме да добиеме јасна порака од САД дека тие го почитуваат договорот“, рече Ланге по консултациите со други пратеници на ЕУ, пренесе ДПА.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот претседател...
Трамп ја оцени одлуката на Врховниот суд како „смешна“ и „глупа“
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска повторно го нападна Врховниот суд, кој минатата недела пресуди против неговата програма за царини. Тој најави дека ќе преземе други ингеренции за царините и за „дозволите“, но не наведе детали, пренесе МИА.
Трамп во објава на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ наведе дека Врховниот суд „случајно“ му даде повеќе ингеренции од претходно, а минато...
Војната во Украина предизвикала директна штета од 200 милијарди долари, а реконструкцијата ќе чини 600 милијарди долари
Војната во Украина предизвика директна штета во вредност од 200 милијарди долари, а реконструкцијата ќе чини милијарди повеќе, се наведува во најновиот извештај на Светска банка, Европска комисија, украинската влада и Обединети нации, пренесува МИА.
Според нивните процени од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година до крајот на декември минатата година, вкупната штета изнесува 195,1 милијарди долари, а...
Јавна дебата на УКИМ за законот за високо образование: акцент на автономијата и специфичностите на уметничките факултети
На состанок на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, одржан во петокот, биле усвоени заклучоци во врска со предложениот нов Закон за високо образование. Ова следуваше по прибирањето на забелешките од сите организациски единици на УКИМ, доставени до крајниот рок – 16 февруари.
Универзитетот денес е домаќин на јавна расправа посветена на пакетот од три закони...
Американските трупи започнаа повлекување од најголемата база во североисточна Сирија
Американските вооружени сили денеска го започнаа процесот на повлекување од нивната најголема воена база во североисточна Сирија, откако властите во Дамаск ја зацврстија контролата врз територијата на земјата. Ова го пренесуваат британски медиуми, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори.
Како што се наведува, неколку десетици камиони, дел од нив натоварени со оклопни возила, денеска ја напуштиле базата Касрак, која се...
Од полноќ зголемување на цените: бензините поскапи за 0,5, дизелот за еден денар
Од ноќеска на полноќ стапуваат на сила нови, повисоки малопродажни цени на нафтените деривати. Цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар, додека „евродизелот (Д-Е V)“ и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за еден денар. Ова денеска го соопшти Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука,...







































