Фото: Министерство за правда

Министерот за правда, Игор Филков, остро реагираше на одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“, оценувајќи дека таа претставува сериозен удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем, пренесе МИА.

Според Филков, во период кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, се испраќа порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница.

-Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана. Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука – наведува Филков.

Тој побара и Совет на јавни обвинители и надлежните институции да го отворат прашањето за одговорноста на Ислам Абази.

-Ваквите одлуки директно ја рушат довербата на граѓаните во правосудниот систем – порача министерот за правда.