Кривична пријава за нелегална сеча дрва и противправна корист од над два милиона денари

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во село Ижиште и против Б.Б. (44) од Македонски Брод, кој бил одговорно лице во правното лице, поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, пријавените, во својство на концесионери на Шумско-стопанската единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, согласно договор за сеча и дотур и...

Европските аеродроми предупредуваат на слабости во системот ЕЕС за влез во Европската Унија

Новововедениот систем за влез и излез од Европската Унија – ЕЕС, би можел значително да им го наруши летниот одмор на патниците на европските аеродроми, пред сè поради долгите редици и чекања на пасошка контрола. Како што пишува германскиот весник Ханделсблат, особено во текот на јули и август, времето на чекање може да достигне и до четири часа. На ваквите...

Артан Груби спроведен на распит во Обвинителството

Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој е осомничен за проневера поврзана со Државна лотарија, веќе е изведен на распит во Обвинителството. Тој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце, по што беше сместен во притворското одделение во Шуто Оризари. Груби повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, откако ја напуштил државата преку...

Преку системот „Безбеден град“ за една недела евидентирани 4.910 сообраќајни прекршоци, најмногу за пречекорување брзина, пренесува МВР

Во периодот од 16 до 22 февруари, системот „Безбеден град“ регистрирал вкупно 4.910 сообраќајни прекршоци на подрачјата на градовите и долж коридорите каде што се поставени камери, пренесе МИА. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење. Од вкупниот број, дури 4.691 прекршок се за управување возило со...

МНР со апел: Македонските државјани во Мексико да ја напуштат земјата поради влошената безбедносна состојба

Поради актуелните безбедносни немири во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат во оваа земја, да ја напуштат при првата безбедна можност, пренесува МИА. Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, воедно се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен...

Лажни дојави за бомби во основни и средни училишта во Скопје и Тетово

Во текот на денешниот ден, неколку училишта во Скопје и Тетово добиле дојави за наводно поставени експлозивни направи. По спроведените проверки, утврдено е дека сите пријави биле лажни, пренесе МИА. -Веднаш по добиените пријави, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави - информираат од Министерството за внатрешни...

До 30 нови дигитални услуги годинава, извод од родени за помалку од 48 часа и „Роаминг како дома“ до крајот на периодот, најавува Андоновски

Во текот на 2025 година, граѓаните ќе добијат меѓу 20 и 30 нови целосно дигитализирани услуги, со фокус на најчесто користените постапки. Меѓу приоритетите се пријавувањето на новороденче и издавањето прв извод од Книгата на родените во рок пократок од 48 часа од поднесувањето на пријавата, како и услуги поврзани со енергетиката, Фондот за здравствено осигурување и деловниот сектор....

Знаењето да се претвора во нови работни места, порача Микоски на формирањето на Советот за иновации

Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Владата најавува засилен фокус кон економија базирана на знаење и иновации. На конститутивната седница, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Советот ќе биде инструмент на стратешка промена, преку кој науката, истражувањето и дигитализацијата ќе станат двигатели на економскиот раст. – Нашата цел е јасна, да создадеме услови во кои знаењето ќе се...

Одбојка: Се разгорува „трката“ за подобра плејоф позиција кај дамите

На четири кола до крајот на регуларниот дел на сезоната во Првата одбојкарска женска лига сериозно се разгорува трката за подобра позиција во пресрет на плејоф разигрувањето. Наковски Волеј со победата над шампионот Јанта Волеј КВ ја продолжи доминацијата и сигурно стои на лидерската позиција со 14 победи во исто толку натпревари и тешко достижни 41 бод. За разлика од...

Шест години независен театар „Златен Елец“

Шест години од започнувањето со работа на независниот театар „Златен Елец“ се навршуваат овој февруари. Театарот почна со работа во 2020 година и досега има достигнато голем број резултати и успеси. „Не ми го чепкај пивото“ и трите монодрами „Дневникот на лудиот“ во режија на Ѓорѓи Ризески, „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“ во режија на Ана Батева, претставите...