Одрон на патот А1 Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Odron
АМСМ соопшти дека изутринава од 08.40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километри после БП „Детоил“ сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, пренесува МИА. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се на терен и работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Најмалку 74 лица загинаа во Мексико, по убиството на водачот на картелот „Ел Менчо“

Најмалку 74 лица загинаа во Мексико, вклучувајќи и 25 припадници на Националната гарда, во операцијата во која беше убиен водачот на картелот „Ел Менчо“ и во насилството што следуваше, соопшти синоќа министерот за безбедност Омар Гарсија Харфуч, пренесува МИА. Владините трупи се обидоа да го уапсат нарко-босот, чие полно име е Немесио Осегуера Сервантес, во западната држава Халиско во неделата....

Комунална хигиена отстрани 615 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје подигнале и транспортирале вкупно 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на главниот град. Од претпријатието информираат дека утринава биле отстранети околу 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад од улицата „Џон Кенеди“, во близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што подолг период...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од...

Трамп вели дека нема несогласувања со висок воен функционер околу Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги негираше медиумските извештаи дека претседателот на Здружениот штаб на американските вооружени сили, генерал Ден Кејн, го предупредил против целосна воена интервенција во Иран, пренесе МИА. - Генерал Кејн, како и сите ние, би претпочитал да не види војна, но доколку се донесе одлука за воена интервенција против Иран, тој верува дека тоа би било...

По предлог на Јавното обвинителство, Груби во 30-дневен куќен притвор

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка 30 дневен куќен притвор со 24-часовен надзор, одлучи синоќа судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, пренесе МИА. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот А.Г., кој вечерва беше спроведен во Судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на јавниот обвинител и на одбраната за...

Трипуновски вели дека субвенциите ќе одат кај вистинските земјоделци, не кај „ловците“ на субвенции

Секој земјоделец кој сериозно и посветено работи и продуцира земјоделски производ го нарекувам вистински земјоделец. Сите оние кои сакаат да импровизираат или да го заобиколуваат процесот се т.н. ловци на субвенции, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Како што соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот во гостување на телевизијата „Стар“ изјавил дека најгласни во...

Ѓорѓиевски е убеден дека до јуни-јули ќе пристигне првата пратка автобуси за градот

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска нагласи дека е убеден оти до јуни - јули ќе пристигне првата пратка од стоте автобуси за главниот град. - Автобуси требаше да имаме во март, но тендерот пропадна. Јас не се плашам да се извинам ако згрешам со проценките. Сега, наместо 80 ќе бидат набавени 100. Најголем дел од нив ќе стигнат оваа...

Груби доброволно се пријавил, обвинителството бара куќен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука, известија од ОЈО попладнево. - На барање на второосомничениот преку неговата...

По сослушувањето во ОЈО, Груби оди пред судија на претходна постапка

Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во Обвинителство, по што тој вечерва беше спроведен во Кривичен суд, каде што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, пренесува МИА. Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, денеска беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари,...