Три случаи на семејно насилство за 24 часа, полицијата постапува во Скопје и Свети Николе

Во изминатото деноноќие се евидентирани три случаи на семејно насилство, при што полицијата извршила службени разговори со две лица и презема мерки за целосно расчистување на случаите. Во Полициската станица Кисела Вода, вчера во 11:00 часот, полициски службеници извршиле разговор со 38-годишна скопјанка, по пријава дека на 18 април во својот дом со тврд предмет го нападнала својот поранешен сопруг....

Јубилејно 15-то издание на Виноскоп од 13 до 17 мај

Препознатливиот градски фестивал Виноскоп годинава се враќа со јубилејното 15-то издание, со амбиција и оваа пролет повторно да биде едно од клучните градски случувања. Винската приказна од 13 до 17 мај 2026 година во градски парк на Школка повторно ќе ги обедини љубителите на доброто вино, музиката и урбаната култура, носејќи нова енергија и уште побогата програма. Во текот на...

Ѓорѓиевски: „Скопје 2028“ е историска шанса за суштинска трансформација

Титулата Европска престолнина на културата 2028 не се сведува на едногодишна културна програма, туку претставува долгорочен процес насочен кон трајна трансформација на градот и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Ова беше главната порака на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на Скопје – Европска престолнина на културата...

Митева: Владините мерки даваат резултат – ТНГ поевтин за 5 денари по литар

„Макпетрол“ од полноќ ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас за пет денари за литар, од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од десет денари за килограм, што во пресметка значи приближно пет денари за литар - изјави денеска на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева. - Она што е особено значајно е...

Автомобил удри велосипедист на „Партизанска“, со тешки повреди пренесен на Клиники

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што утринава се случила на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „8 Септември“ во Скопје. Според информациите од полицијата, несреќата се случила околу 07:15 часот, кога патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Ј.П. од Скопје, удрило во велосипед управуван од 58-годишниот З.М. од Скопје. Во незгодата, велосипедистот се здобил со...

Николоски: ЕУ силно нè поддржува, напредуваат клучните инфраструктурни проекти и Коридор 8

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информира дека земјава со поддршка од Европската Унија реализира сериозни инфраструктурни проекти, со посебен акцент на развојот на Коридор 8. – ЕУ целосно нè поддржува за реализација на големите инфраструктурни проекти. Заедно градиме автопатишта и железница – истакна Николоски. Тој посочи дека станува збор за стратешки важен коридор, кој има и безбедносно значење. – Зборуваме...

Божиновска на Делфи форумот ја позиционира Македонија како регионален енергетски јазол

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на панелот „Инженеринг на инфраструктурата за енергетска безбедност“ (Engineering the Infrastructure of Energy Security) во рамки на Делфи економскиот форум (Delphi Economic Forum), каде заедно со високи владини претставници и лидери од енергетскиот сектор се дискутираше за иднината на енергетската безбедност во регионот. Во своето обраќање, министерката Божиновска нагласи дека...

Јубилеј на Денот на пијаното: 10 години прославени со македонска музика

Свечен и ревијален концерт по повод 10-годишниот јубилеј на „Денот на пијаното – Скопје“, посветен на македонското музичко творештво, се одржа вчера, на 22 април, во КИЦ - Скопје, Салон 19:19. Во внимателно осмислена и современо концепирана програма, на сцената настапија ученици од основните и средни музички училишта ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, Скопје; ДМУ, Битола; ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, Штип...

Филипче условува учество во изборните реформи, бара задржување на пржинската влада

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека таканаречената „пржинска влада“ мора да остане во сила, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик. На прес-конференција во Собранието, Филипче оцени дека пржинскиот модел претставува клучен контролен механизам за обезбедување фер и слободни избори, особено во услови, како што рече, на „авторитарен начин на...

Македонска делегација побара одговор дали и преку кои механизми СЕ ќе постапи во случајот со адвокатот Менкиновски

Делегацијата на Собранието на Република Македонија, во состав Иванка Василевска (заменик-шеф на делегацијата), Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска, учествува на второто редовно заседание за 2026 година на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), кое се одржува од 20 до 24 април во Стразбур. Според собраниската прес-служба, сесијата ја отворила претседателката на ПССЕ, Петра Баир, која ја нагласила потребата од...