Велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што утринава се случила на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „8 Септември“ во Скопје.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила околу 07:15 часот, кога патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Ј.П. од Скопје, удрило во велосипед управуван од 58-годишниот З.М. од Скопје.
Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.


































