Vladimir Putin and Donald Trump
Фото: ЕПА

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Владимир Путин и Доналд Трамп се согласиле да ги продолжат медијациските напори за ставање крај на војната во Украина.

Според Песков, договорот бил постигнат за време на телефонски разговор меѓу двајцата лидери во средата, но засега нема утврдени конкретни датуми за нови разговори, пренесе „Танјуг“.

Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, откри дека Путин предложил привремено примирје до Денот на победата во Втората светска војна на 9 мај.

Според неговите зборови, Трамп ја поддржал оваа иницијатива.