Во изминатото деноноќие се евидентирани три случаи на семејно насилство, при што полицијата извршила службени разговори со две лица и презема мерки за целосно расчистување на случаите.
Во Полициската станица Кисела Вода, вчера во 11:00 часот, полициски службеници извршиле разговор со 38-годишна скопјанка, по пријава дека на 18 април во својот дом со тврд предмет го нападнала својот поранешен сопруг. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден во 20:20 часот, во СВР Скопје, 51-годишен маж пријавил дека околу 19:00 часот во скопското село Волково бил физички нападнат од својот брат. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Утринава во 08:00 часот, во ОВР Свети Николе, бил извршен службен разговор со 65-годишен жител на градот, по пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот син. И за овој случај ќе следува соодветен поднесок по негово целосно документирање.


































