Прашај го Конески!
Во ерата на вештачка интелигенција, веројатно книгите нема да исчезнат, но во некоја блиска иднина повеќе нема да функционираат како примарен извор на знаењето, туку ќе станат заднинска инфраструктура, повремено консултирани, индиректно цитирани... Многу од нив веројатно и заборавени... Едно од најцрните сценарија, за кое не сакам да верувам дека ќе се обвистини, е дека влегуваме во нов...
Царинските тарифи, Врховниот суд на САД и „невидливата рака“ од Лондон
Не станува збор за вообичаена реакција на незадоволен претседател по неповолна одлука на Врховниот суд на САД. Обвинувањето на Трамп е многу посериозно: тоа е директна алузија дека врз највисоката судска инстанца влијаат надворешни центри на моќ
Изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, во врска со одлуката на Врховниот суд дека „судот е под влијание на странски интереси...
Злосторство и проштевање
Злосторство и проштевање е темата на нашата денешна колумна, драг читателу, формулирана некако во духот на христијанската етика, таа што ја проповедаше Исус. Тука во неа се вглобува и неговата филозофија за непротивење на злото, чии фасцинирани поклоници беа и Ганди и Толстој. Веројатно поради таа фасцинација (наша претпоставка) и одбил Толстој да се ангажира барем со два-три збора...
Македонско друштво „Илинден“-Тирана се спротивставува на затворањето на матичната канцеларија во административната единица Острени областа Голо Брдо
Македонско друштво „Илинден“-Тирана се спротивставува на затворањето на матичната канцеларија во административната единица Острени, областа Голо Брдо.
Преместувањето на матичната служба од административната единица Острени во општина Булќиза ги принудува жителите на областа Голо Брдо да патуваат до градот Булќиза за секоја минимална потреба. За илјадници жители на оддалечените села во областа Голо Брдо, патувањето до Булќиза не е само...
Законот за пензиско пред Уставен, дијаспората реагира за усогласувањето
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 5. седница, на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и пет предлог-одлуки по веќе поведени постапки, пренесува МИА.
Судиите ќе дискутираат по повеќе иницијативи кои се однесуваат на измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои зголемувањето и усогласувањето на пензиите се ограничува...
Орбан: Брисел се договорил со Зеленски за продолжување на војната, тоа се лоши вести за Европа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги обвини европските лидери, предводени од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, дека постигнале договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски за продолжување на војната во Украина.
Во објава на Фејсбук, Орбан оцени дека таквиот пристап носи сериозни последици за Европа.
- Ова се лоши вести за Европа. Се продолжува војна за која очигледно нема...
Војната останува дамка на нашата колективна совест, вели Гутереш
Четири години откако Русија ја почна инвазијата врз Украина, војната останува дамка на нашата колективна совест и година по година сме сведоци на последиците од очигледното кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на Обединетите нации, изјави вчера генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пренесува МИА.
Гутереш на седница на Советот за безбедност укажа дека, и покрај невидените дипломатски напори,...
За влез во Велика Британија од денес се потребни патни дозволи
Луѓето што пристигнуваат во Велика Британија од 85 земји од денеска ќе мора да добијат електронска дозвола пред да патуваат или ќе се соочат со одбивање за влез, соопшти британското Министерство за внатрешни работи, пренесе МИА.
Системот за електронски патни дозволи бара од сите посетители на кои не им е потребна виза за влез во Велика Британија да купат патна...
Трамп вели дека никогаш нема да дозволи Иран да има нуклеарно оружје
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека никогаш нема да дозволи Иран да има нуклеарно оружје во своето обраќање за состојбата на Унијата, пренесува МИА.
- Мојот избор е да се реши овој проблем преку дипломатија. Но, едно е сигурно, никогаш нема да дозволам спонзорот број еден на теророт во светот, што тие се убедливо, да има нуклеарно оружје -...
Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
Со сослушување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во судницата во „Идризово“ денеска треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пренесува МИА.
На минатите рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос...







































