Потрес од 4,3 степени во Албанија почувствуван во неколку градови во Македонија

Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во областа на Елбасан, во Албанија, а потресот бил почувствуван и во македонските градови Дебар, Струга и Охрид. Според достапните податоци, земјотресот се случил во 20.06 часот, на длабочина од 13 километри. Епицентарот бил лоциран на околу 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан. Во моментов...

Запленет тон марихуана во магацин на „Грин лајф“, фирма меѓу шесте со одземени дозволи за медицински канабис

Во складишен простор на компанијата „Грин лајф“, лоциран во валандовското село Јосифово, бил запленет еден тон марихуана. Станува збор за една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата за одгледување канабис за медицински цели, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи, пренесува МИА. -По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР...

Трамп се стреми кон мировен договор за Украина до 4 јули

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да се постигне договор за завршување на војната во Украина пред да биде домаќин на 250-годишнината од независноста на Америка на 4 јули, изјавија високи американски претставници за „Блумберг“. За време на својата претседателска кампања Трамп постојано ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа од преземањето на функцијата. Речиси 400...

Приватните автобуси повторно во функција

Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје е стабилизирана, а проблемите што се појавија во претходниот период се надминати. Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички дефект на АВЛ опремата, односно ГПС валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеле навремено да се вклучат во сообраќај. Овој проблем е целосно решен...

 Дозволено пушење на терасите, е-цигарите забранети во затворен простор, истакна Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави дека примената на законот за пушење на тераси кои мора да бидат отворени од три страни ќе биде одложена. Целта е сопствениците на угостителски објекти да добијат дополнително време за инфраструктурно усогласување со законските барања, пренесе МИА. Во однос на електронските цигари, Алиу истакна дека тие ќе бидат забранети за користење во затворени...

Приведени 15 возачи заради возење без дозвола или под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден, полициските служби на територијата на целата држава привеле 15 возачи. Од нив, десет лица управувале возило без положена возачка дозвола, тројца возеле и покрај тоа што им била изречена забрана за управување моторно возило од Б категорија, едно лице било затекнато под дејство на алкохол, а еден возач истовремено управувал возило без дозвола и...

Филков бара итни седници на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, за одговорност за куќниот притвор на Груби

Министерот за правда Игор Филков денеска остро реагираше на одлуката за куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби, нагласувајќи дека мора да се утврди конкретна одговорност за ваквата постапка. Тој побара Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници и да разгледаат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител. Филков потсети дека Груби е...

Патот кон Теферич затворен заради оштетувања

Патот кон Теферич е затворен за сообраќај поради оштетувања, а општинските власти интензивно работат на изнаоѓање најбрзо и најбезбедно техничко решение за неговата трајна санација. Информацијата ја објави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, преку својот профил на Фејсбук. Таа посочи дека денеска заедно со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, повторно извршиле увид на терен. По стручните...

Секое петто дете умира од глад, предупредува УНИЦЕФ

siromasni deca
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Хрватска започна хуманитарна кампања за поддршка на децата погодени од глад во Судан, Јемен и Газа. Организацијата предупредува дека бројот на деца изложени на глад, сиромаштија и насилство постојано расте и дека во 2026 година рекорден број ќе имаат потреба од хуманитарна помош, пренесе МИА. Според проценките на УНИЦЕФ, милиони деца ширум светот страдаат од тешка...

Шест компании изгубија лиценци за одгледување на медицински канабис, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција во Владата објави дека на шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Причината, како што нагласи, се констатирани сериозни недоследности во нивното работење. Лиценците им се одземени на „Алфафам“ – компанија која претходно беше поврзана со шверц на марихуана во Србија – како и на „Грин лајф“,...