Наскоро одлука за нови мерки за спречување на задржувањето време во фудбалот
Годишниот генерален состанок на ИФАБ е в сабота. Можните измени се поврзани со пауза за повредни фудбалери, ограничувања на времето за изведување голаут, аут и за замена на фудбалери..., а можеби ќе се одобрат прегледи од ВАР за погрешно доделен втор жолт картон и за корнери
Играчите што добиваат третман за повреда би можеле да бидат принудени да останат...
Голема снежна бура во САД, стотици илјади останаа без електрична енергија
Милиони луѓе во североисточниот дел на САД вчера се соочија со последиците од голема снежна бура што предизвика прекини во сообраќајот, откажани летови и остави стотици илјади без електрична енергија, додека прогнозите најавуваат нова снежна бура што би можела повторно да го погоди регионот, но се очекува да биде послаба од претходната, пренесува МИА.
Според извештаите, во некои области наврнале...
Триумф на Атанасовска во слалом во Телфс
АЛПСКО СКИЈАЊЕ - ФИС-ТРКА ВО АВСТРИЈА
Македонската скијачка и репрезентативка Јана Атанасовска (19), која неодамна настапи и на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и во Кортина д`Ампецо (Италија), на трките во Телфс (Австрија) во рамките на Интернационалната скијачка федерација (ФИС) оствари два одлични резултата во слалом во алпско скијање, во исклучително силна меѓународна конкуренција и со тоа уште еднаш...
Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет
Еден од балетските бисери на класичниот репертоар – „Жизел“ од Адолф Адам ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари, со почеток во 19.30 часот.
Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска). Костимограф е Александар Ношпал, сценографијата е на...
Новиот европски нуклеарен пакт сочинет од европските империјалистички доктрини
Кон анализата на „Економист“
Најважните случувања се одвиваат во две европски земји што веќе поседуваат нуклеарно оружје. Велика Британија со децении јасно го става својот нуклеарен арсенал во функција на својата вековна (хегемона) доктрина. Франција исто така ја задржува целосната контрола врз своето оружје, а секој претседател од 1970-тите години признава дека „виталните интереси“ на Франција имаат и поширока...
Стефановски постави нов македонски рекорд во седмобој во сала
АТЛЕТИКА
Во рамките на истото натпреварување, тој постави и нов македонски рекорд во скок со стап, кој сега е 4,2 метри
Македонскиот атлетски репрезентативец Огнен Стефановски повторно испиша историја, со вкупно 5.223 бода го собори сопствениот македонски рекорд во седмобој во сала, поставувајќи нова највисока вредност во оваа дисциплина во Македонија, изминатиот викенд во Словенија, на Националното првенство во повеќебој,...
Реалното време или времето во реалноста
Рецензија
(Кон претставата „Хеда Габлер“ по драмскиот текст на Хенрик Ибзен, во режија на Тимофеј Кулјабин и во продукција на НТ „Иван Вазов“ од Софија, Бугарија. Главни улоги: Радина Карџилова, Дарин Ангелов, Иван Јуруков, Дејан Донков, Ана Пападопулу)
Хенрик Ибзен во својата драма „Непријател на народот“ вели: „Гледаш, поентата е дека најсилниот човек на светот е оној што стои најсам“....
Атентат, разузнавачки сенки и „британска врска“
И Москва го вперува прстот кон Лондон како уште една епизода во глобалната игра на империјалното британско влијание
Руските власти директно го посочија Обединетото Кралство како дел од мрежата што, според нив, стои зад нападот врз генерал-полковникот Владимир Алексеев, висок офицер на руската воена разузнавачка служба ГРУ
Обвинувањата што пристигнуваат од Москва дека Велика Британија стои зад обидот за атентат...
Границите на мојот јазик се поистоветуваат со границите на светот
Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“
Весна Мојсова-Чепишевска е македонска книжевна теоретичарка, критичарка и професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. По студиите ја изгради својата академска кариера и денес е редовна професорка по Современа македонска книжевност и Книжевност за деца. Авторка е на голем број книги, студии и рецензии за македонската литература и култура, а активно учествува и...
Јакимовски: Треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра
КОШАРКА - ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2029
Македонија во првите две средби во овие претквалификации ги совлада Азербејџан и Република Ирска, а две победи забележа и Луксембург, со кој Македонија ќе игра в петок, во Скопје
Мислам дека треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија, а сега, со помош на новиот селектор, да го поставиме тој систем...







































