ОПЕК+ објавија зголемување на квотите за производство на нафта

Клучните членови на алијансата за производство на нафта ОПЕК+ објавија поголемо од очекуваното зголемување на квотите за производство, по нападите на САД и Израел врз Иран, кои предизвикаа иранска одмазда низ целиот Блиски Исток, пренесува МИА. Групата од осум членови, позната како В8, која ги вклучува клучните производители како Саудиска Арабија и Русија, како и неколку земји од Персискиот Залив...

Кривични пријави за 10 возачи, возеле без дозвола, со забрана и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден (28.02.2026), полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи поради тешки сообраќајни прекршоци. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пет лица биле приведени поради управување возило под дејство на алкохол, и тоа на подрачјата на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје. Дополнително, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило...

Николоски: Целосно го развиваме источното крило на Коридор 8

Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целсоно го развиваме источното крило на Коридор 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски ја...

Арагчи вели дека патот на Хамнеи ќе продолжи

Иранското министерство за надворешни работи, во својата изјава за смртта на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, уште еднаш ги осуди американските и израелските напади за време на дипломатските разговори меѓу Техеран и Вашингтон за нуклеарната програма на Иран. Неодамнешните напади се случија додека Оман посредуваше во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран, а последната рунда преговори се одржа во Женева...

Земјите од Персискиот Залив ќе се состанат вечерва за да разговараат за унифициран одговор на нападите на Иран

Земјите од Персискиот Залив ќе се состанат вечерва за да разговараат за унифициран одговор на нападите на Иран, велат двајца дипломати од Персискиот Залив, додека Техеран продолжува со вториот ден од нападите откако американските и израелските напади го убија неговиот врховен лидер, пренесува МИА. - Тоа ќе биде онлајн состанок на министрите за надворешни работи на Персискиот Залив поради затворањето...

Свечено пуштена обиколницата кај Крива Паланка, Мицкоски вели дека фокусот е на капиталните инвестиции

Во периодот што следува овде, во регионот на Крива Паланка и овој дел од Македонија ќе влезат неколку стотици милиони евра инвестиции, за проекти што ќе ја поврзат Македонија и Коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на Коридорот 8, рече денеска во Крива Паланка премиерот  Христијан Мицкоски, пренесува МИА. Премиерот Мицкоски, кој заедно со вицепремиерот и...

Петнаесет години од објавувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“

Пред петнаесет години, на 1 март 2011 година, првиот број на македонскиот весник „Илинден“ беше објавен како двоен број (март/април). Македонскиот весник „Илинден“ е гласило на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана. Досега се објавени вкупно 71 број, со што весникот докажува континуитет и посветеност во информирањето на своите читатели и предизвикува голем интерес кај публиката во Албанија, во татковината Македонија,...

Влијателен ирански свештеник ги повика муслиманите ширум светот да се одмаздат за смртта на врховниот водач Хамнеи

Влијателен ирански свештеник ги повика муслиманите ширум светот да се одмаздат за смртта на врховниот водач Али Хамнеи, објави ДПА, а пренесе МИА. Иранската државна новинска агенција „Тасним“ денеска јави дека големиот ајатолах Насер Макарем Ширази во религиозна изјава, или фатва, прогласил дека „главните сторители на ова злосторство“ се САД и Израел. - Одмаздата е религиозна должност на сите муслимани во...

Смртта на Хамнеи е дефинирачки момент во историјата на Иран, истакна Калас

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, е „дефинирачки момент во историјата на Иран“. - Она што следи е неизвесно. Но, сега постои отворен пат кон поинаков Иран, таков каков што неговиот народ може да има поголема слобода да го обликува - напиша Калас на Х, пренесе МИА. Таа...

Иран го именуваше ајатолахот Алиреза Арафи во својот привремен лидерски совет

Иран го именуваше ајатолахот Алиреза Арафи во својот привремен лидерски совет, кој ќе биде на чело на земјата по убиството на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи, пренесе МИА. - Советот за одредување на интересите на државата го избра ајатолахот Алиреза Арафи за член на привремениот лидерски совет - објави портпаролот на овој совет, Мохсен Дехнави, во објава на Х. Привремениот совет,...