Свечено пуштена обиколницата кај Крива Паланка, Мицкоски вели дека фокусот е на капиталните инвестиции

Во периодот што следува овде, во регионот на Крива Паланка и овој дел од Македонија ќе влезат неколку стотици милиони евра инвестиции, за проекти што ќе ја поврзат Македонија и Коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на Коридорот 8, рече денеска во Крива Паланка премиерот  Христијан Мицкоски, пренесува МИА. Премиерот Мицкоски, кој заедно со вицепремиерот и...

Петнаесет години од објавувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“

Пред петнаесет години, на 1 март 2011 година, првиот број на македонскиот весник „Илинден“ беше објавен како двоен број (март/април). Македонскиот весник „Илинден“ е гласило на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана. Досега се објавени вкупно 71 број, со што весникот докажува континуитет и посветеност во информирањето на своите читатели и предизвикува голем интерес кај публиката во Албанија, во татковината Македонија,...

Влијателен ирански свештеник ги повика муслиманите ширум светот да се одмаздат за смртта на врховниот водач Хамнеи

Влијателен ирански свештеник ги повика муслиманите ширум светот да се одмаздат за смртта на врховниот водач Али Хамнеи, објави ДПА, а пренесе МИА. Иранската државна новинска агенција „Тасним“ денеска јави дека големиот ајатолах Насер Макарем Ширази во религиозна изјава, или фатва, прогласил дека „главните сторители на ова злосторство“ се САД и Израел. - Одмаздата е религиозна должност на сите муслимани во...

Смртта на Хамнеи е дефинирачки момент во историјата на Иран, истакна Калас

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, е „дефинирачки момент во историјата на Иран“. - Она што следи е неизвесно. Но, сега постои отворен пат кон поинаков Иран, таков каков што неговиот народ може да има поголема слобода да го обликува - напиша Калас на Х, пренесе МИА. Таа...

Иран го именуваше ајатолахот Алиреза Арафи во својот привремен лидерски совет

Иран го именуваше ајатолахот Алиреза Арафи во својот привремен лидерски совет, кој ќе биде на чело на земјата по убиството на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи, пренесе МИА. - Советот за одредување на интересите на државата го избра ајатолахот Алиреза Арафи за член на привремениот лидерски совет - објави портпаролот на овој совет, Мохсен Дехнави, во објава на Х. Привремениот совет,...

Мицотакис размислува да го посети Скопје заради договорот за одново активирање на продуктоводот Солун-Скопје, објави „Катимерини“

Во последно време во Максиму (Премиерската палата) постои едно интересно размислување: премиерот во следниот период да го посети Скопје, пишува грчкиот весник „Катимерини“, а повод за ваквите размислувања и евентуалната посета на Кирјакос Мицотакис е договорот за одново активирање на продуктоводот Солун-Скопје, јави дописничката на МИА од Атина. Според весникот, во следниот период ќе се донесе одлука дали грчкиот премиер...

Непознато лице истурило непозната течност до зградата на Основниот суд Куманово

Непознато лице истурило течност до зградата на Основниот суд Куманово, соопшти денеска СВР Куманово, пренесува МИА. - Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово, полициски службеник од судска полиција на Основен суд Куманово пријави дека едно лице се доближило до зградата на Основен суд Куманово и истурило течност, по што заминало - информираше полицијата. СВР Куманово презема мерки за расчистување на...

Следува период на стабилно и суво време

Под влијание на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието, пренесува МИА. Утринските температури ќе бидат ниски, а преку ден ќе бидат до 20 степени. За денеска синоптичарите...

Зградата на српската амбасада во Техеран е оштетена денеска при воздушните напади врз Иран

Зградата на српската амбасада во Техеран е оштетена денеска при воздушните напади врз Иран, јави Радио-телевизија на Србија (РТС), пренесува МИА. Во инцидентот нема повредени од персоналот на амбасадата. Како што дознава РТС, целта била воена база лоцирана во близина на српската амбасада. Информацијата ја потврди српскиот претседател Александар Вучиќ кој нагласи дека персоналот на амбасадата почнал да се повлекува во...

Споени Клиниката за кардиологија и Кардиохирургија, формиран единствен центар за кардиоваскуларна медицина

Владата на последната седница, одржана на 24 февруари 2026 година, донесе одлука за спојување на Универзитетската клиника за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, на предлог на Министерството за здравство. Со оваа одлука се формира единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина, со цел да се обезбеди повисок степен на интеграција, координација и ефикасност во третманот на пациентите со...