Магнус Карлсен и Јифан Хоу водат на по три шаховски ранг-листи
ШАХ - МАРТОВСКА РЕЈТИНГ-ЛИСТА НА ФИДЕ
Абдусаторов се врати меѓу првите пет кај шахистите, а Асаубајева меѓу врвните 10 кај шахистките. Карлсен и Хоу се водечки во класичен,
забрзан и во брз шах на листите на ФИДЕ за март
Рејтинг-листата на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за март, првенствено е обликувана од турнирите „Тата стил мастерс“ и „Челенџерс“ во Вајк ан...
Домен Превц израмни рекордна победничка низа
СКИЈАЧКИ СКОКОВИ - СВЕТСКИ КУП
Со триумфот во Кулм, со нов рекорд на скокалницата, Превц сега има шест победи по ред во СК, како и пет други скијачи скокачи досега
Домен Превц (Словенија) го заокружи совршениот викенд во Кулм (Австрија) со втора последователна победа во скијачки летови, во рамките на Светскиот куп (СК) сезонава. Двократниот олимписки шампион постави нов рекорд...
Долгиот молк ги изнесе на виделина слабостите на ЕУ
Бавна и неуверлива реакција на европските лидери за воената криза на Блискиот Исток
Водечките европски престолнини во саботата реагираа исклучително претпазливо на бомбардирањата што ги обезглавија иранскиот режим и военото раководство, откако уште еднаш беа соочени со свршен чин. На тој начин тие ги покажаа нивната неодлучност и сѐ помалото влијание што го имаат на меѓународната сцена, во која...
Ристовски главен судија во полуфиналето на Челинџ-купот
ОДБОЈКА
Македонскиот интернационален одбојкарски судија Влатко Ристовски ќе биде прв судија на првиот полуфинален натпревар помеѓу Слован Братислава и Линдеманс Алст во Челинџ-купот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), во машка конкуренција, утре, во арената „Гопас“ во Братислава. Еден од нашите најдобри судии е номиниран заедно со грчката судијка Ирини Моула, која ќе му асистира, пишува Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).
Ристовски...
Додека наставниците предаваа, јас сонував да бидам она што сум сега!
Времеплов - Кога бев ученик: Тони Зен
Растев во Аеродром, сум поминал и добро и лошо и мислам дека сум исчеличен, а сето она што сум го доживеал, сега го пишувам во моите песни, вели Тони Зен
Познатиот македонски рапер, композитор, текстописец и продуцент Тони Петковски алијас Тони Зен е роден во Скопје, на кое му посвети и песна. И...
Стратегијата на клинот наспроти доктрината на водата: како големите сили ги рушат глобалните режими
Геополитичка анализа на судирот помеѓу опсесијата со „обезглавување“ и филозофијата на тивка асимилација
Денешната геополитичка арена не е само судир на економии или трка во технологии туку и епски филозофски судир на две спротивни доктрини. Првата може да се нарече стратегија на клинот: директен, концентриран удар во клучниот јазол што го држи системот. Втората, помалку позната за последните векови,...
Охридските првоодделенци во библиотеката „Григор Прличев“ го открија светот на бајките
Фотовест
Читалницата на детското одделение во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид неодамна беше исполнета со насмеани детски лица, со весела атмосфера и џагор, но и со звуците на песната „Во светот на бајките“ од истоимената култна серија за деца на Македонската телевизија.
По повод Светскиот ден на раскажувањето бајки, на гости дојдоа првоодделенците од ООУ „Св. Климент Охридски“, заедно со своите...
Мартинки – шарен поздрав за пролетта
Традиција што се пренесува од колено на колено
На почетокот на март во Македонија, но и во Бугарија и Романија, децата и возрасните си подаруваат украси од црвен и бел конец. Тие се нарекуваат мартинки и се симбол на пролетта, здравјето и на новиот почеток.
Мартинките најчесто се прават рачно, од два конца што се испреплетуваат.
Боите на мартинките не се избрани...
Турски државјанин приведен кај Гевгелија, превезувал пет мигранти во автомобил
Полициски службеници синоќа привеле турски државјанин на локалниот пат Гевгелија – Граничен премин Богородица, откако при контрола било утврдено дека превезувал мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Акцијата била спроведена околу 23 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „дачија“ со албански регистарски таблички, управувано...
Трето место за Ведрана Тунески
ТАЕКВОНДО - ТУРНИР „БУГАРИЈА ОПЕН 2026“
Таеквондистката на ТК Бутел од Скопје, Ведрана Тунески, ги освои третото место и бронзениот медал во кадетска конкуренција на силниот меѓународен таеквондо-турнир „Бугарија опен 2026“ од серија Г2-Е2, што е голем успех за надежната македонска таеквондистка. Тунески, која настапи во категоријата до 51 кг, ги победи Анастасија Балич (2-0 во рунди) од Украина и...







































