ФОТО: Силјановска Давкова и Руте ја потврдија посветеноста на Македонија кон НАТО и регионалната безбедност
Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите за рано предупредување и посилни и одржливи инвестиции во одбранбените капацитети. Северна Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот регион, нагласија на заедничката прес-конференција претседателката Гордана Силјановска Давкова и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на земјава.
–...
Ексхумација на нова жртва во случајот со осомничениот овчар, Т.Б. однесен на психијатриско вештачење
Денеска се врши ексхумација на уште една повозрасна жена за која ЈОРСМ има сомнеж дека е жртва на дваесет и петгодишниот овчар од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство, соопшти денеска обвинителството. Инаку, како што информираа од казнено-поправната установа Куманово (затвор К’шање), Т.Б. денеска е спроведен на Клиника за психијатриско вештачење, пренесува МИА.
-По наредба на судија на претходна постапка,...
МНР работи на евакуација на македонски државјани од Израел, ОАЕ и Катар
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја на Блискиот Исток, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати.
- Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови, а по потреба и со владиниот авион. За Обединетите...
Вонреден инспекциски надзор во ЦСР Скопје по трагедијата во Карпош, МТСПМ најави одговорност доколку има пропусти
Министерство за социјална политика, демографија и млади денеска соопшти дека по вчерашниот трагичен случај во кој мајка и дете го загубија својот живот, се врши вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјална работа Скопје, и оти по неговото завршување јавноста ќе биде запознаена со наодите и понатамошните мерки. Според првичните информации, починатата жена и сопругот првпат се евидентирани во...
Националната мрежа против насилство бара итна истрага и одговорност за трагедијата во Тафталиџе
Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство побара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија 31-годишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка.
Од Мрежата оценуваат дека случајот претставува „црвено знаме за целиот систем“ и бараат утврдување одговорност доколку се потврди дека институциите имале сознанија за...
Државата има стабилни нафтени резерви, нема опасност од недостиг на деривати, велат од Министерство за енергетика
Агенцијата за задолжителни нафтени резерви (МАКОРА) континуирано ги одржува и следи државните резерви на нафта и нафтени деривати, со цел да обезбеди сигурност во снабдувањето, стабилност на пазарот и подготвеност за реакција во случај на нарушување на увозот или транспортот, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Од Министерството посочуваат дека внимателно ја следат актуелната енергетска состојба, особено...
Руте пристигна во Македонија
Министерот за одбрана Владо Мисајловски на скопскиот аеродром го пречека генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на земјава.
- Чест ми е да му посакам добредојде на Генералниот секретар на НАТО, Mark Rutte. Во време на сериозни безбедносни предизвици од особено значење е заеднички да придонесуваме за безбедноста, мирот и стабилноста - напиша Мисајловски на...
Тројца полицајци од Кочани се изјаснија дека не се виновни за по обвинението за случајот „Пулс“
Тројцата обвинети полициски службеници од Кочани денеска пред Судот изјавија дека не се чувствуваат виновни по обвинението што произлегува од постапувањето по контроли поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март минатата година во пожар загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пренесува МИА.
Со читање на обвинителниот акт во Основниот кривичен суд – Скопје денеска започна...
Меѓународна агенција за атомска енергија потврди оштетувања на нуклеарниот комплекс во Натанц
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска информира дека е регистрирано оштетување на влезните објекти на подземната иранска нуклеарна централа во Натанц, при што нагласи дека не се очекуваат радиолошки последици ниту дополнително влијание врз самата постројка.
Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека засега нема докази за сериозни оштетувања на иранските нуклеарни капацитети.
-Немаме индиции дека некоја од нуклеарните...
Близу 800 загинати во израелско-американските напади врз Иран, информира Иранска Црвена полумесечина
Најмалку 787 лица го загубиле животот во израелско-американските напади врз Иран, соопшти денеска Иранската Црвена полумесечина - пренесува ДПА.
Од хуманитарната организација информираат дека нападите биле регистрирани во вкупно 153 градови низ целата земја, што укажува на широк географски опфат на воените дејствија.
Црвената полумесечина соопшти дека на терен се ангажирани повеќе од 3.600 лица за итни интервенции, а операциите за...







































