ОАЕ размислуваат за воен одговор по иранските ракетни напади

Обединетите Арапски Емирати разгледуваат можност за преземање воени мерки како одговор на иранските воздушни напади, потврдиле два неименувани извори запознаени со случувањата. Според изјава дадена за порталот „Аксиос“, извор близок до властите навел дека земјата размислува за активни одбранбени чекори против Иран, иако, како што посочил, ОАЕ не се директно вклучени во конфликтот. Тој тврди дека кон територијата на државата...

Во тек организација на комерцијален лет од ОАЕ за македонските граѓани, соопшти МНР

Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби, во соработка со надлежните институции на Обединетите Арапски Емирати, работи на заокружување на организацијата за комерцијален лет со кој би се извршила евакуација на македонски државјани, информираше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството апелираат до сите граѓани кои имаат потреба од евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток...

Трамп најави прекин на трговијата со Шпанија поради одбивањето за користење воени бази

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави целосен прекин на трговските односи со Шпанија, откако Мадрид одби да им дозволи на американските сили да ги користат воените бази на шпанска територија за операции поврзани со нападите врз Иран.  - Шпанија беше ужасна. Му реков на американскиот секретар за финансии Скот Бесант да ги прекине сите деловни односи со Шпанија. Не сакаме...

Силни експлозии одекнуваат низ Доха, Дубаи и Абу Даби

Силни експлозии одекнуваат во Доха, Дубаи и Абу Даби, според сведоштва на новинари и жители, додека Иран спроведува ракетни и дронски напади низ Заливот, пренесе МИА. Во главниот град на Катар и во Дубаи се слушаат гласни детонации, а жители на Абу Даби потврдуваат дека и таму имало експлозии. Овие напади се случуваат во период кога САД и Израел водат кампања...

Колективната одбрана е клучна во овие предизвици, им порача Руте на војниците на АРМ

Актуелните безбедносни предизвици ја нагласуваат потребата сите 32 сојузнички земји, меѓу кои и Македонија, да настапуваат единствено и координирано во одбраната на територијата на Алијансата, порача Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, од касарната „Илинден“. Обраќајќи се пред припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, Руте ја истакна важноста од заедничко делување и колективна одговорност, притоа пофалувајќи го придонесот на земјата во...

ЕУ интеграцијата е клучна гаранција за мирот на Западен Балкан, истакна Силјановска Давкова

Најголемата гаранција за стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, како и за неговата отпорност на влијанија од трети страни, е неговата целосна и забрзана политичка интеграција во Европската Унија, истакна претседателката Гордана Силјановска-Давкова на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој престојува во официјална посета на земјава. Таа нагласи дека оваа порака лично му ја пренела на...

Гаши и Руте потврдија силно сојузништво и поддршка за регионалната стабилност

Во рамки на официјалната посета на Македонија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, на која присуствуваа координаторите и заменик-координаторите на пратеничките групи, шефот на собраниската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, како и генералната секретарка на Собранието. Гаши, посакувајќи му добредојде на Руте во законодавниот дом, го информираше за актуелната политичка и...

Без разлика од каде сте, од кој дел на трансатланската алијанса доаѓате, стоиме заедно со вас, рече Руте во Собранието

Без разлика од каде сте, од кој дел на трансатланската алијанса доаѓате, стоиме заедно со вас, и заедно ќе бидеме заштитници на мирот и на безбедноста на нашите нации. Северна Македонија има придобивки од ова секојдневно. На пример, авионите од Грција и од Италија патролираат на вашето небо за да бидете безбедни. Ова праќа јасен сигнал дека никој не...

Клисаровска во „Онкологија 2“ откри системски пропусти на Клиниката и побара колективно одлучување за терапиите

Sudenje Onkologija Nino Vasev
Недостиг од утрински состаноци, отсуство на групно донесување на одлуки за терапија и неажурирани протоколи, беа дел од недостатоците што ги изнесе поранешната в.д. директорка на Клиниката за Онкологија, Виолета Клисаровска, на судењето за случајот „Онкологија 2“. Таа посочи дека при нејзиното назначување затекнала долг, нееднакви исплати кон добавувачите и судски спорови, како и задоцнета набавка на терапија што...

Руте: НАТО ќе го брани секој дел од територијата на земјите-членки

Генералниот секретар на НАТО, кој е во посета на земјава, на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Силјановска-Давкова нагласи дека Алијансата не е директно вклучена во последните случувања на Блискиот Исток, но потенцираше дека НАТО ќе го брани секој дел од територијата на земјите-членки, пренесува МИА. Нашите воени команданти секојдневно работат на ова и имаат пристап од 360 степени, земајќи ја...