Првата група македонски државјани евакуирани од Израел пристигна во Скопје

Првата група македонски државјани евакуирани од Израел вечерва пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје, по претходна евакуација преку Египет. Евакуираните граѓани ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој посочи дека операцијата за нивно извлекување била сложен процес што барал координација и ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва. Според Димитровски, во Израел во моментов остануваат уште седум македонски државјани...

Трамп бара улога во изборот на новиот врховен лидер на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот за Ројтерс изјави дека САД мора да бидат вклучени во изборот на следниот лидер на Иран и рече дека би било „прекрасно“ доколку иранските курдски сили со седиште во Ирак преминат во Иран за да извршат напади врз безбедносните сили таму. Трамп во телефонско интервју рече дека смета оти е малку веројатно следниот лидер...

Државата има доволно гориво, состојбата е стабилна, информира Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија соопшти дека нема причини за загриженост и дека снабдувањето со гориво во земјава е стабилно. На состанокот се разговарало за актуелната состојба со нафтените деривати, особено во контекст на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици со кои се соочува енергетскиот сектор. -Заклучивме дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на...

Евакуирани сите македонски државјани кои побараа заминување од Израел, изјави Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информира дека успешно е завршен процесот на евакуација на македонските државјани од Израел кои побарале да ја напуштат земјата. Според него, Министерството целосно го координирало процесот, при што македонските граѓани попладнево со владиниот авион полетале од Шарм ел-Шеик кон Скопје, пренесе МИА. Муцунски посочи дека евакуацијата била сложен процес кој барал силна...

СЗО регистрира 13 напади врз здравствени објекти во Иран, загинаа четворица медицински работници

Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека за време на актуелната воена ескалација се извршени 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, при што загинале четворица здравствени работници, а 25 лица биле повредени. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на прес-конференција соопшти дека организацијата документирала и напад врз здравствена установа во Либан, без да биде прецизирана одговорноста за инцидентот. Регионалниот директор...

Изгласани законски измени за градежното земјиште и градењето – ќе се евидентира целата подземна инфраструктура

Собранието ги усвои измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште, предложени од Министерството за транспорт, со цел унапредување на инфраструктурното планирање, економскиот развој и подобрување на услугите за граѓаните. Од Министерството информираат дека со измените за првпат се овозможува целосен увид во линиската инфраструктура во државата, вклучувајќи оптички кабли, телекомуникациски мрежи, водоводни и канализациски системи, како и...

Не би го обновил нафтоводот „Дружба“, тоа е руска нафта, истакна Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прашањето за обновата на нафтоводот „Дружба“, кој беше оштетен во руски напади, има не само техничка, туку и политичка димензија и додаде дека според него не вреди да се поправа цевководот.  - Да бидам искрен, не би го обновил. Тоа е мојот став. Ова им го кажав на лидерите на Европа и на оние...

Будимпешта бара увид во штетата на нафтоводот „Дружба“ во Украина

Унгарија планира да испрати министерска мисија во Украина за утврдување на фактите околу оштетувањето на нафтоводот Дружба, кој е клучен канал за транспорт на руска нафта до оваа земја без излез на море. Одлуката е наведена во декрет објавен во Службениот весник на земјата. Мисијата ќе ја предводи заменик-министер од унгарското Министерство за енергетика, а во неа ќе учествува и...

Евакуираните македонски државјани од Израел вечерва се очекуваат на скопскиот аеродром

Евакуираните македонски државјани од Израел, кои преку Египет се враќаат во Македонија, се очекува да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20 часот. Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на аеродромот ќе ги пречека заменик-министерот Зоран Димитровски. Во меѓувреме, македонските дипломатско-конзуларни претставништва продолжуваат да собираат информации за граѓаните кои се наоѓаат во други подрачја погодени од...

Процесот за „Пулс“ продолжува: Сведок откри кој бил задолжен за пиротехничките прскалки

Васко Спасовски, ПР и букинг менаџер на музичката група ДНК, денеска сведочеше пред Судот за пожарот во дискотеката „Пулс" во Кочани, тврдејќи дека од Денис Даутовски, поранешен тур-менаџер на бендот, дознал дека токму тој бил задолжен за активација на пиротехничките прскалки пред да замине за Германија, три до четири месеци пред трагедијата, пренесува МИА. Сведокот изјави дека бил означен на...