Штип УГД, Борец, Струмица 47&72 и Работнички 71&22 ќе играат на Ф4 од Купот на ОФМ 2026
Пласман на финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 година обезбедија истите четири екипи, кои и минатата година се бореа за трофејот во ова натпреварување – бранителот на титулата Штип УГД, финалистот Струмица 47&72, како и екипите на Борец и Работнички 71&22.
Двократниот освојувач на Купот, Штип УГД до Ф4 билетот дојде со победата над Лирија од 3:0 (25:13, 25:10,...
Анкета на Клиниката за психијатрија под мотото „Спиј добро, живеј подобро“: 40 отсто испитаници се соочуваат со проблеми со спиењето
Речиси 70% од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред
да заспијат, а повеќе од 40 отсто се соочиле со проблеми во спиењето во
последниве три месеци. Повеќе од 63% од испитаниците се изјасниле дека спијат
од 5-7 часа во текот на ноќта, 11,6% спијат помалку од 5 часа, додека 22,8% спијат
од 7 до 9 часа.
Ова се дел од резултатите од...
Зајакнување на одбранбените способности и НАТО-соработката договорија Мисајловски и Форд
Министерот за одбрана Влади Мисајловски денеска оствари средба со Карл Форд, директор за одбранбено планирање во НАТО и предводник на тимот од Алијансата кој учествува во редовните годишни билатерални одбранбени разговори меѓу НАТО и Македонија.
На средбата било разговарано за одбранбеното планирање, модернизацијата на Армијата и исполнувањето на НАТО-целите за развој на одбранбените способности.
- Продолжуваме да инвестираме во Армијата, да...
Aлиу најави дигитално здравство, со електронско досие за секој пациент
Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите во иднина ќе се водат во дигитална форма, додека хартиената документација ќе се користи само во исклучителни случаи, како привремено решение при евентуален прекин на системот. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за евиденциите од областа на здравството, кои денеска на прес-конференција ги претстави министерот за здравство Азир Алиу, истакнувајќи...
Мицкоски разговараше со катарскиот премиер Ал-Тани за состојбите на Блискиот Исток
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.
Како што објави Мицкоски на својот фејсбук-профил, во разговорот изразил поддршка за Катар и разбирање за сложената безбедносна ситуација на Блискиот Исток.
– Разменивме мислења за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и...
Повторно започнува функционирањето на продуктоводот „Вардакс“
Повторно започнува функционирањето на продуктоводот „Вардакс“. Стартот на операциите се случува по завршувањето и соодветната верификација на сите потребни технички, оперативни и регулаторни барања, информираат од ВАРДАКС АД.
Оттаму ги повикуваат квалификуваните трговски компании кои сакаат да соработуваат и да го користат продуктоводот, да се информираат за важечките процедури достапни на веб-страницата на компанијата, пренесува МИА.
Продуктоводот од Солун до Скопје...
Се финализираат активностите за усогласување со европската регулатива за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со ЕУ
Министерството за дигитална трансформација ги финализира активностите за усогласување со европската регулатива за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија, а паралелно се отвора и прашањето за прецизирање на законската рамка за инфлуенсерите и креаторите на содржина, изјави денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Тој потврди дека Европската комисија пред две недели официјално го отвори процесот за...
Унгарија ќе ги употреби „сите мерки и средства“ за да ја принуди Украина да продолжи да испорачува руска нафта, вели Орбан
Унгарија ќе ги употреби „сите мерки и средства“ што и се на располагање за да ја принуди Украина да продолжи да испорачува руска нафта, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
- Го запревме … извозот на дизел во Украина, сè уште го одржуваме извозот на електрична енергија. Ќе ги запреме транзитните пратки што минуваат низ Унгарија, кои се важни за...
Обвинителството отвори предмет за неправилностите во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
Јавното обвинителство на Македонија соопшти дека по медиумските информации за утврдени неправилности при инспекцискиот надзор во Центарот за социјални работи, поврзани со случајот со смртта на мајката и нејзината ќерка кои паднаа од шести кат во скопски Карпош, е оформен предмет по допрен глас.
Од Обвинителството информираат дека предметот е доставен на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје.
- ОЈО...
Иранските напади не се насочени кон соседните муслимански земји, туку кон американските воени бази, вели Арагчи
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека иранските напади не се насочени кон соседните муслимански земји, туку кон американските воени бази и инсталации во тие земји.
- Не ги нападнавме нашите соседи. Не ги нападнавме муслиманските земји. Нападнавме американски цели и американски бази, американски инсталации, кои за жал се наоѓаат на територијата на нашите соседи - рече Арагчи...







































