Во недела почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток
Евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток ќе започне во недела и ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).
Од Министерството информираат дека попладнево е склучен договор со авиокомпанија согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка.
-Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела...
Скандалозно: Адвокатот и бранителот на Македонците во Бугарија Тони Менконоски на црна листа на Софија – 10 години не смее да влезе во Бугарија
Адвокатот Тони Менкиноски објави дека официјалните власти во Софија, Република Бугарија, донеле одлука со која му се изрекува забрана за влез во државата во траење од 10 години.
Тој за утре најави прес-конференција на која ќе ги изнесе деталите за случајот, оценувајќи дека станува збор за „скандалозна одлука“ и директен притисок врз неговата работа.
-Станува збор за директен напад врз мојата...
Скопје ќе го осветли Камениот мост со нов декоративен систем
Камениот мост, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје и значајно културно-историско наследство, ќе добие современо декоративно осветлување кое ќе ја истакне неговата архитектура и историска вредност, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според најавите, во рамки на проектот ќе бидат поставени современи ЛЕД-светилки, рефлектори и системи за контрола на осветлувањето, со што мостот ќе добие нова естетска димензија и...
Гутереш предупреди на опасна ескалација на Блискиот Исток
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека растечките тензии и воените напади на Блискиот Исток и во регионот на Персискиот Залив носат ризик од поширока ескалација што би можела да излезе од контрола.
Тој оцени дека нападите предизвикуваат големи последици за цивилното население и претставуваат сериозна закана за глобалната економија, особено за најранливите земји.
Гутереш ги повика сите страни...
По еден месец: Тргната забраната за користење на водата од градскиот водовод во Струга
Водата од градскиот водовод во Струга повторно е безбедна за пиење, откако по речиси еден месец е укината забраната за нејзино користење. Одлуката ја соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на својата официјална Фејсбук страница, а информацијата ја потврди и Општина Струга.
Како што информираат надлежните, одлуката е донесена по најновите анализи на водата од изворот „Шум“, кои покажале дека...
Трамп вели дека има неколку кандидати за нов ирански лидер
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака целосна промена на иранската владејачка структура и дека веќе има неколку имиња на ум за „добар лидер“ што ќе ја преземе земјата.
Коментарите на Трамп доаѓаат во услови на зголемени тензии и воени акции, а следеа по смртта на врховниот лидер на Иран, Хамнеи, минатиот викенд, објави Ен-би-си њуз. Во телефонско интервју Трамп...
Како документот на ЦИА го урна легитимитетот на Преспанскиот договор
Повод: Информацијата од декласифицираниот документ на ЦИА: Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името, но Грција со умисла понудила коруптивен договор за тоа, за кој треба да се отвори истрага
Иако во 1992 година обидот за поткуп на Грција бил неуспешен поради одбивањето на тогашниот претседател на Р Македонија да го смени името Македонија, декласифицираните документи на ЦИА,...
Многу добри резултати на Групација Триглав во 2025 година, со планирано натамошно профитабилно работење во 2026 година
Триглав го зголеми својот деловен резултат и обемот на работење, при што одржа солидна капитализираност
• Вкупниот деловен обем на Групација Триглав, во однос на 2024 година, се зголеми органски за 9 проценти и достигна 1.868,3 милиони евра. Ако се земе предвид и новото работење на италијанскиот пазар, тој изнесуваше 2.561,2 милиони евра (раст од 49 проценти). Органски раст беше...
Забраната за возење повеќе не се впишува во возачката дозвола, почнува по добивањето на втора СМС порака, истакна МВР
Забраната за управување со моторно возило повеќе нема да се впишува физички во возачката дозвола, туку ќе се спроведува преку дигитален систем на известување со СМС пораки и електронска пошта, информира Министерство за внатрешни работи на Македонија.
Измените се дел од законските измени во управната постапка поврзана со возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „забрана за управување...
Една третина од работниците земаат под 30.000 денари – ССМ најави нов протест
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека на 14 март во Скопје ќе се одржи нов работнички протест, на кој ќе се бара зголемување на минималната плата на 600 евра, како и линеарно покачување на останатите плати за најмалку 6.000 денари.
На прес-конференција одржана во Работничкиот дом, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека одлуката за продолжување на синдикалните...







































