Забрани, негирања и негации на македонскиот идентитет
Нов бран атаци поврзани со правото на самоидентификација, здружување и културно изразување на Македонците
Од забрана за влез во Бугарија на адвокатот Менкиноски, кој ги брани Македонците пред Европскиот суд за човекови права, до санкции за пејачи и ограничувања на културни симболи во дијаспората итн... се крева нов стравотен бран на притисоци врз македонскиот идентитет што сака „да ја...
Мицкоски: Образованието е фундамент на секоја земја
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека унапредување на образованието, образовниот процес и образовната инфраструктура, како и унапредување на стандарот на студентите е главен приоритет на Владата и најави дека како и досега ќе работат во таа насока, бидејќи, како што рече, образованието е фундаментална вредност на секоја земја. Најави и дека во таа насока во следниот период ќе има уште...
Мицкоски: Има доволо нафта и нафтени деривати
Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Униветзитетот „Мајка Тереза“', Мицкоски напомена дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, зашто таа институција е, рече, независна...
Следната недела со предлог-име за нов државен јавен обвинител, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека неделава се очекува да завршат консултациите и Владата да излезе со предлог-име за нов државен јавен обвинител.
- Следнава недела очекуваме да финишираат консултациите и да излеземе со предлог име кое ќе го испратиме до Парламентот - рече Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во...
Нема силна економија без силни универзитети, вели Мицкоски
Нашата визија е јасна - образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што истакна Мицкоски, кампусот ќе се гради на површина од 31.000 метри...
Жената што скокна од зграда со ќерката в раце седум години била малтретирана
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.
Според Обвинителството, од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година, па сѐ до 2 март кога оштетената – сега...
Скопјанец се обидел да ја убие сопругата
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – убиство во обид, а против него поведена е и постапка за загрозување на сигурноста.
ОЈО Скопје соопшти дека на 1 март, во семејниот дом, во присуство и на друго лице, при вршење семејно насилство, тој со умисла се обидел да ја лиши од...
Откриени непријавени 150 илјади британски фунти на Меѓународниот аеродром Скопје
Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патник, странски државјанин, кој патувал кон Лондон, открија 150 илјади британски фунти кои не биле пријавени согласно законските обврски. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во противвредност од 10 илјади евра, додека преостанатите 141.315 британски фунти се привремено задржани.
Како што информира Царинската управа, против него...
Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи
Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, но приоритет ќе имаат двата монтажни паркинга во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти во наредниот период, а откако ќе се изградат монтажните паркинзи ќе биде утврден за дополнителните позиции нов правилник, но тоа нема да значи...
Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“
Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до...







































