Моден детаљ ги трансформира дамите над 50 и 60 години

Шал или марама може веднаш да ја освежи комбинацијата и да додаде боја. Завиткан, префрлен преку рамо или како ремен, шалот дава елегантен и модерен изглед. Трикот е едноставен, практичен и совршен за дами над 50 години. Со само едно парче ткаенина можете да го промените тонот на вашата облека, да го нагласите вашето лице или да додадете визуелна...

Вингегор ја освои својата прва титула на трката Париз-Ница

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ Двократниот шампион на Тур де Франс, данскиот велосипедист Јонас Вингегор (29), ја освои својата прва титула на трката Париз-Ница, јави „Би-би-си“. Вингегор беше претекнат пред целта на осмата етапа од Французинот Лени Мартинез, но веќе направи доволно за да остане далеку напред во генералниот пласман. Колумбиецот Харолд Тејада, победник на шестата етапа, трет ја помина целта. Победата го става...

И по една година, уште исто боли…

Она што сега може да се направи, освен само вербално да се зборува колку трагедијата нè погодила сите, е да им се помогне на родителите на настраданите, да знаат постојано дека не се заборавени од државата, но и од целото македонско општество. Тоа значи и дека државата и нејзините институции не треба да се олабават и повторно да...

Кина е најуспешна земја на ЗПОИ 2026

ИОК - СВЕЧЕНО ЗАТВОРЕНИ ЗПОИ 2026 На Игрите во Милано и во Кортина д`Ампецо, репрезентацијата на Кина освои 44 медали, од кои 15 златни, 13 сребрени и 16 бронзени Зимските параолимписки игри (ЗПОИ) во Милано и во Кортина д`Ампецо беа затворени со свечена церемонија во неделата, во салата „Карлинг“ во Кортина, со поздравот „чао за Милано и Кортина“. Во спектакл...

Вашингтон го повикува светот во воена зона: Трамп не може сам да се бори против Иран

Конфликтот на Блискиот Исток влегува во нова фаза во која, покрај директните воени операции, дипломатската борба за широка меѓународна поддршка е сè повидлива. Најновиот потег на Вашингтон, покана до други земји да испратат воени бродови во Ормускиот Теснец за да ги заштитат трговските патишта, покажува дека кризата се шири надвор од регионалната рамка и добива изразито глобална димензија. Поканата на...

Кога Америка ќе влезе во војна

Едвај пет години по неславното повлекување од Авганистан (15 август 2021 година), Америка повторно влезе во војна. Овој пат против Иран и со Израел како главен сојузник. Официјално, причина за интервенцијата се напорите на Исламската Република за создавање сопствено нуклеарно оружје. Американците сакаат да се борат, особено ако фронтот е далеку од нивните брегови. Низ историјата на големата држава, само...

Скопјанец уапсен за измама, зел 2.000 евра и 1.000 долари од жена од Прилеп за лажна сообраќајка

Полицијата расчисти случај на измама во кој 46-годишен маж од Скопје со лажна приказна за сообраќајна несреќа измамил жена од Прилеп за вкупно 2.000 евра и 1.000 долари. Од Министерство за внатрешни работи информираа дека ОВР Прилеп поднел кривична пријава против М.А. (46) поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Според полицијата, на 4 ноември 2025 година осомничениот ѝ се...

Кокошката Дара

Од творештвото за деца на Емилија Матаничкова Кокошката Дара почна по цел ден да кокодака и саноќ сон не ја фаќа. ѝ задава немир заградениот двор, па реши да тргне кон широкиот дол. Да оди далеку, Нови, други - трети места да види. Прескокна ограда Дара Стигна до првата бара И еве ја страчката Мара: ,,Кра –кра–кра, Даро, каде си тргнала надвор?!“ ,,Одам на прошетка“ - кокодакна Дара, ,,ене, таму, до третата гора!“ ,,Немаш компас, како ли...

Битолските средношколци им дадоа втор живот на стотици стари книги

Интересна соработка меѓу ученици од графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ и НУУБ „Св. Климент Охридски“–Битола Од ноември лани до март годинава учениците од графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ и НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола спроведоа серија активности за реализација на проектот насловен „Книговрзувачка доработка“. - На почетокот на месецов во графичкиот кабинет на СОУ „Таки Даскало“ се одржа...

Доминација на Миоки на државното првенство за кадети

ЏУДО Првенствата свечено ги отвори генералниот секретар на ЏФМ, Благоја Гешоски, кој им посака успех на сите натпреварувачи и ја истакна важноста на спортот и поддршката на младите таленти Доминација на скопскиот џудо-клуб Миоки на првенството на Македонија за кадети, кое се одржа во спортската сала „Антон Димитров“ во Скопје, во организација на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), а со техничка...