Во Зоолошката градина во Скопје се роди мало двогрбо камилче (Bactrian camel), убавa вест и ретка појава за нашите простори.
Од зоолошката информираат дека малечкото е во добра здравствена состојба, активно е и постојано е покрај мајката. Веќе прави стабилни чекори и покажува љубопитност, што се смета за позитивен знак за неговиот развој.
Станува збор за вид кој ретко се размножува во контролирани услови, па раѓањето претставува значаен успех за зоолошката градина.







































