Со меѓусебното разбирање сѐ е полесно!
проф. д-р Кирил Темков
Јас сум оптимист затоа што знам, верувам дека сѐ може да биде подобро и дека ќе надвладеат добрите луѓе и правилните норми на животот и моралот.
Мислам дека животот е нешто убаво. Имав шанса да се родам и да живеам како човек. Можам да учам, да се развивам, да растам. Научив да зборувам, можам да разговарам со...
Двајца загинати при уривање на воен авион во Тунис
Двајца војници загинаа откако воен авион синоќа се урна во близина на воздухопловната база во Тунис.
Несреќата се случи во туниската држава Сфакс.
Според првичните информации, авионот се урнал за време на ноќна вежба.
Најмалку 18 загинати во пожар во кинески караоке бар
Најмалку 18 лица загинаа, а петмина се повредени во пожар подметнат во караоке бар во јужниот дел на Кина, соопшти локалната полиција додавајќи дека е уапсен еден осомничен.
Лиу Чунлу (32), кој е осомничен за подметнување на пожарот, е уапсен брзо откако властите понудиле награда од 32.000 долари за информација каде се наоѓа.
Полицијата на градот Чингјуан соопшти дека и...
Извештајот на ЕК на разгледување во македонското Собрание
Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија денеска ќе биде разгледан во Собранието.
Седница на која ќе се разгледува Извштајот денеска во Собрнаието ќе одржат Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен Комитет РМ-ЕУ.
Извештајот на ЕК пред пратениците ќе го презентира евроамбасадорот Семуел Жбогар. На седницата обраќање ќе има премиерот Зоран Заев, а заклучни согледувања ќе изнесе Даниел Сервер...
Најверојатно нападот во Торонто е терористички акт
Истражувачите кои го испитуваат нападот со комбе во канадскиот град Торонто, при што вчера загинаа девет лица, претпоставуваат дека мотивот на напаѓачот е тероризам, изјави неименуван извор од безбедносните служби на САД.
Тој истакна дека претпоставува оти инцидентот не е случаен. Според снимките кои ги објавија канадските медиуми, возачот на комбето при апсењето тврдеше дека има пиштол и бараше од...
Сончево и топло, попладне нестабилно со дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста на места ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а највисоката дневна температура ќе биде од 24 до 30 степени. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Во Скопје...
Нови рочишта за „Тарифа“, „Труст“, „Титаник 2“ и „Триста“
Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на СЈО „Тарифа“, „Труст“, Титаник 2“ и „Триста“.
На обвинителна клупа ќе седнат поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица, обвинети во случајот „Тарифа“ за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“, вреден околу четири милиони евра.
Според обвинението на...
Проблем во „Гмаил“ доведува до ширење спам без знаење на корисниците
„Гмаил“ е најпопуларната услуга за е-пошта на интернет која има различни филтри за блокирање несакани содржини. И покрај обидите на „Гугл“ во оваа област, никогаш не можете да бидете сигурни дека во вашето сандаче нема да се „протне“ реклама или е-пошта од непознат испраќач.
Во текот на изминатите неколку дена, голем број корисници почнаа да се жалат на невообичаено голем...
САД: Зголемен бројот на криминал од омраза кон муслиманите
Во САД, во 2017 година, регистриран е пораст на злосторства од омраза против мислимани за 15 отсто во споредба со 2016 година.
Според податоци на Советот за американско-исламски односи, регистрирани се 300 дела на омраза против муслимани во САД во 2017 година, додека во 2016 година имало 216 такви казнени дела во САД.
Советот оцени дека за порастот на кривични дела...
Францускиот претседател пристигна во тридневна посета на САД
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна денеска во Вашингтон во тридневна официјална посета, а првпат домаќин во Белата куќа ќе му биде Доналд Трамп.
Макрон и неговата сопруга Брижит беа поздравени од воен оркестар, кој ги отсвире Марселезата и националната химна на САД, откако слегоа од авионот во базата „Ендрјус", близу Вашингтон.
Макрон изјави дека со Трамп ќе разговараат за неколку билатерални...








































