Кошница со цвеќе на улицата Цветан Димов

Кошница со цвеќе ја краси сега улицата Цветан Димов. Ова е трета ваква фигура што ја постави јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, по двете што ги красат кружниот тек во Автокоманда и онаа во Градскиот парк. Кошницата во Чаир е поставена во средишната жардиниера, долга е 5 метри и широка 2 метри, а има висина од 1 метар. Во неа...

Откриена тајната на песната „Игри без граници“ што Тоше ја отпеа неколку месеци пред смртта

Песната „Игри без граници“, која трагично загинатиот Тоше Проески ја отпеа само неколку месеци пред смртта, беше песна која дефинитивно ја одбележа неговата кариера. Иако многумина се обидуваа да ги одгатнат скриените пораки во неа, мислејќи дека го опишува животот на пејачот, вистината е дека таа воопшто не била наменета за Проески. - Тоа е песна што ја напишав пред да...

Пониска цена или климатизирани автобуси во целиот јавен превоз!

Високите летни температури веќе се актуелни, а во приватните и неклиматизирани автобуси речиси е незамисливо да се патува. Иако на граѓаните им се сугерира повеќе да го користат јавниот градски превоз, за да се намали загадувањето поради овие состојби тие се одвраќаат од намерата. Никој не сака да влезе во градски автобус и до крајната дестинација од него да...

Завршија пролетните акции за зазеленување

Од градот Скопје информираат дека заврши нивната пролетна акција за зазеленување на метрополата. Со оваа активност се засадени дрвореди од 42 висококвалитетни садници јавор покрај булеварот 8 Септември и 20 садници бреза во средишната жардиниера. Точно 40 садници беа насадени во Центарот за рехабилитација во Капиштец и со тоа беше заокружен овој проект на градот. Висококвалитетни садници се садеа...

Новата лимузина на Владимир Путин

Новата лимузина на рускиот претседател Владимир Путин ги помина тестовите за безбедност и за некое време ќе почне да го пренесува еден од највлијателните луѓе на планетата Земја. Автомобилот се тестирал и развивал навистина долг период. Автомобилот што ги мина сите тестирања за сообраќајни несреќи и удари, ќе биде едно од најлуксузните возила во Русија, а можеби и пошироко. Министерот...

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 10 мај

Судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“ во врска со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, е одложено за 10 мај. Судијата Огнен Ставрев го прифати барањето на одбраната за одложување со цел да можат да го разгледаат прочистениот текст на обвинението што на денешното рочиште го подели обвинителката Фатиме Фетаи. Во прочистениот текст го нема делот за петмината судии...

Најмалку 39 повредени во земјотрес во Турција

Најмалку 39 лица се повредени во денешниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди турската југоисточна провинција Адијаман. Турската новинска агенција Анадолија јави дека при земјотресот оштетени се и неколку згради. Поради земјотресот затворени се основните и средните училишта во провинцијата. Повредените се хоспитализирани, но нивната состојба не е критична. По првичниот потрес уследиле осум послаби земјотреси.

Колегите го избраа Салах

Напаѓачот на Ливерпул, кој во премиерната сезона веќе постигна 31 гол, е прогласен за најдобар фудбалер на сезоната во Англија, во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери, победувајќи ги Де Брујне, Силва, Сане, Кејн и Де Геа Египќанецот Мохамед Салах (25), напаѓачот на Ливерпул, е прогласен за најдобар играч на сезоната 2017/2018 во англиската Премиер-лига, во изборот на Асоцијацијата на...

Субвенции за купување велосипед и во општина Карпош

Жителите на општина Карпош од четврток ќе можат да аплицираат на јавниот оглас за субвенции за купување нови велосипеди. Локалната самоуправа ќе субвенционира со максимален износ од 3.000 денари за купување нови велосипеди по принципот „прв пријавен, прв услужен“. Предлог-одлуката за давање согласност за распишување Јавен оглас и спроведување постапка за одобрување субвенции на жителите на општина Карпош за купување...