Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека обидите за дестабилизација на руското општество не успеале, бидејќи, како што рече, тие што сакале да внесат раздор „не ја разбираат Русија“.
Обраќајќи се пред Совет на законодавци, Путин истакна дека државата се соочува со сериозни предизвици, но дека институциите покажале стабилност и подготвеност да ги заштитат националните интереси.
– Нашиот политички систем ја докажа својата цврстина и сувереност – нагласи рускиот лидер.
Тој предупреди дека прекумерните ограничувања и бариери можат да го забават развојот, повикувајќи на пофлексибилно и модерно законодавство.
– Не смееме да се фокусираме само на забрани и казни, тоа е контрапродуктивно – додаде Путин.
Според него, законодавниот процес треба да биде насочен кон иднината и да овозможи адаптација на државата кон актуелните предизвици, кои ги оцени како „без преседан“.
Путин се осврна и на претстојните избори во Русија, нагласувајќи дека изборниот процес мора да биде спроведен во согласност со законот, со цел резултатите да бидат легитимни и да ја одразуваат волјата на граѓаните.
– Тоа создава стабилна основа за функционирање на власта и донесување навремени одлуки – рече тој.
Русија оваа година треба да одржи парламентарни избори.


































