Протестот на „Еурокомпозит“ во мирување, назначен в.д. директор
Прилепската фабрика „Еурокомпозит“ доби вршител на должноста директор, а синдикатот на компанијата протестите ги стави во мирување до четврток до кога е најавено вработените да добијат плата.
Гоце Јагуриноски, вршителот на должноста директор на „Еурокомпозит“ изјави дека е назначен од Управниот одбор до одржувањето на акционерското собрание во втората половина на мај. Дотогаш тој ќе биде потписник на сметката и...
Вучиќ: Ќе и одговориме на Хрватска со реципрочни мерки
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени како „избрзана и нервозна" одлуката за министерот за одбрана Александар Вулин дека не е добредојден во Хрватска, додавајќи дека не ја разбира.
- Ние ќе реагираме со реципрочни мерки. Какви мерки ќе преземеме ќе одлучи српската влада на седницата в четврток - изјави Вучиќ по приемот по повод Денот на армијата на Србија.
Тој...
Американски лобист ги нарече Тачи и Харадинај мафијаши
Некогашниот американски конгресмен и долгогодишен албански лобист Џозеф Диогарди, ги обвини косовскиот премиер Хашим Тачи и претседателот Рамуш Харадинај дека се „мафијаши заинтересирани за власт и пари“, потенцирајќи дека Тачи платил 2,3 милиони евра на една американска компанија за промоција на сопствената автобиографија.
-Хашим Тачи и Рамуш Харадинај се мафијаши. Не се заинтересирани за народот туку само за пари, моќ...
Ново рочиште за „Тенк“ на 25 април
Ново рочиште за случајот „Тенк“ што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра е закажано за 25 април, кога ќе се чита наодот од двајца вештаци, а ќе се продолжи и со други докази.
Судијката Добрила Кацарска рече дека двајцата сведоци Дејан Митревски - Урко и Зоран Василевски кои денеска не дојдоа во Судот може да...
Хаѕидакис: Од грчкото МНР протекува информацијата дека 50-50 се шансите за решение
Пола-пола се шансите за решение на прашањето со името според информациите што протекуваат од грчкото МНР, вели потпретседателот на грчката партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио фм“.
Хаѕидакис коментира дека „работите не се едноставни“ во преговорите за името.
- Од самото Министерство за надворешни работи протекува дека шансите веќе се 50-50, додека пак...
Кејт Мидлтон роди машко дете
Кејт Мидлтон роди машко дете во приватниот оддел на болницата Сент Мери во лондонски Педингтон, каде што порано ги роди принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Пред болницата се собрани многу обожаватели на кралското семејство.
Ниту Кејт, ниту, пак, Вилијам не го знаеле полот на детето пред да се роди.
Британците сега со нетрпение очекуваат кралскиот дворец да го објави името на малиот...
Нов систем за донирање вишок храна „Сите Сити“
„Сите сити“, систем за донирање и дистрибуција на храна до граѓаните на кои им е потребна беше промовиран денеска во Скопје. Системот за почеток ќе функционира во главниот град и преку 14 граѓански организации ќе опслужува најмалку 1.000 лица со по два оброка дневно, со план од наредната година да се прошири и во другите градови.
- Секој од нас...
Јосипа Лисац со своите песни го спои времето
Хрватската поп-дива овој пат своите најголеми хитови ги отпеа на еден поинаков начин, со нови аранжмани, а публиката уште од самиот почеток, со многу почит ја поздрави простум, глетка што се повторуваше неколкупати за време на двочасовниот концерт
„Илјадници концерти се зад мене, но ниеден досега не бил ист како претходниот. Секогаш се трудам песната да ја испеам поинаку, да...
Вечер со поезијата на Димитри Соле Љубин
Во фоајето на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, утревечер, во 20 часот ќе се одржи вечер со поезијата на Димитри Соле Љубин.
Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски, а избор од поезијата на Љубин ќе читаат актерките Кети Борисовска и Талија Настова, во музичка придружба на Сашко Костов.
Циклусот поетски вечери е програмска активност на Велешкиот...
Лавров: Повикот на Макрон за останување во Сирија е „колонијален став“
Повикот на францускиот претседател Емануел Макрон дека силите од Сирија не треба да се повлекуваат дури ниту по завршувањето на војната против тероризмот, потсетува на „колонијалниот став“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
- Слушнав неодамна дека францускиот претседател Макрон ги повикал САД да не ги повлекуваат силите од Сирија дури ни тогаш кога и последниот терорист...








































