Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува да доминира во конкуренцијата на одбојкари до 17 години, откако успеја да ја одбрани шампионската титула во ова првенство. Струмичкиот состав со 3:0 (25:15, 25:19, 25:15) славеа над Весна Пробиштип во финалето на завршниот турнир кое се одржа во Штип.

Во натпреварот за третото место, уште еден струмички тим Македонија Џио се радуваше со 3:0 (25:14, 25:15, 25:15) над врсниците од ГОК Борец од Велес.

 

ФИНАЛЕН ТУРНИР КАДЕТИ

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

Македонија Џио – ГОК Борец 3:0 (25:14, 25:15, 25:15)

ФИНАЛЕ

Струмица 47&72 – Весна Пробиштип 3:0 (25:15, 25:19, 25:15)

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

1.Струмица 47&72

  1. Весна Пробиштип
  2. Македонија Џио
  3. ГОК Борец