Родители си дошле од болница со туѓо бебе
Бебиња биле заменети при отпуст на мајка во Клиничкиот центар на Црна Гора(КЦЦГ), јавуваат црногорските медиуми.
Прв што забележал нешто необично бил таткото, кој видел дека бебето е многу поситно. Кога стигнале дома, мајката на рачето на девојчето забележала дека бројот на нараквиците не се совпаѓа со нејзиниот. Потоа, веднаш се вратиле во болницата, па проблемот е надминат.
КЦЦГ го потврдија...
Дреново и Возарци ќе добијат лекар и медицинска сестра
Жителите од кавадаречките Дреново и Возарци во досегашните празни амбуланти, во иднина два пати седмично ќе можат да се консултираат со лекар, а пет пати, да користат здравствени услуги од медицинска сестра. Ова им го вети градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој синоќа се сретна со нив, за да поразговара за приоритетите во двете рурални средини.
Возарци меѓу другото, ќе...
Гвардиола менаџер на годината во Англија
Пеп Гвардиола, кој го предводеше Манчестер сити до шампионската титула во Премиер-лигата и до рекордните 100 бода, прогласен е за менаџер на сезоната во изборот на асоцијацијата на менаџери. Сити сезонава го освои и Лига-купот.
Конкуренти на Гвардиола за престижното признание му беа Јирген Клоп од Ливерпул, Шон Дајч од Барнли, Нуно Еспирито Сантос од Вулверхемптон, Нил Варник од Кардиф...
Евертон му врачи отказ на Алардајс
Премиерлигашот Евертон по само шест месеци му даде отказ на менаџерот Сем Алардајс. Најголемите забелешки на сметка на Алардајс беа поради декадентниот стил на игра што тој го протежираше и кој наиде на негативни реакции кај навивачите. Како наследник на Алардајс (63) се спомнува Португалецот Марко Силва (43), поранешниот менаџер на Хал и на Вотфорд, кој беше прва опција...
Елтон Џон ќе пее на кралската венчавка
Британскиот пејач Елтон Џон (71) потврди дека ќе пее на венчавката на принцот Хари и глумицата Меган Маркл в сабота.
Пејачот последен пат беше најмен од кралското семејство за погребот на принцезата Дијана пред 21 година. Оттогаш важи за близок пријател на семејството, особено со принцовите Вилијам и Хари. Минатото лето на заедничкиот излет со Хари во Сицилија, тој сфатил колку...
ФИФА ги одреди ВАР-судиите за СП
Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својата официјална страна, ја објави листата од 13 судии што на Светското првенство (СП) во Русија ќе бидат задолжени за следење на системот за видеоанализа (ВАР) на натпреварите. Од нив, деветмина се од Европа, тројца од Јужна Америка и еден од Азија.
Судиите ќе бидат по четворица во група и ќе ги прегледуваат спорните моменти...
Кривична за поранешниот директор на Здравствениот дом од Крива Паланка
Поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка заработи кривична пријава за злоупотреба на службената должност.
Како што соопшти МВР, кривична пријава е поднесена против Р.М.(60) од Крива Паланка, бидејќи во текот на 2013 и 2015 година, како директор на ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка, при склучени договори за комуникациски услуги помеѓу ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка...
На Клинички почина затвореник од Идризово
Во Клиничкиот центар синоќа во 08.00 часот при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал затвореникот А.К. (37) од Скопје.
Осуденикот издржувал казна затвор во Казнено-поправната установа Идризово, а на 12.05.2018 година бил хоспитализиран на Клиниката за гастрологија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Стив Брус е специјалистот за внесување тимови во Премиер-лигата
Менаџерот на Астон вила, која во плејофот ќе игра против Фулам, досега четирипати предводел тимови од понизок во повисок ранг, од Чемпионшип во Премиер-лигата
Фулам и Астон вила, трето и четвртопласираните тимови во Чемпионшипот, во финалниот плејоф-меч, наречен и најскапиот фудбалски меч, на 26 мај на стадионот „Вембли“ ќе разигруваат за пласман во англиската Премиер-лига.
Астон вила одигра нерешено, 0-0, против...
УЕФА е против предлогот на ФИФА за проширено Светско клупско првенство
Инфантино врши притисок за проширување на Светското клупско првенство од седум на 24 клуба, кое би се одржувало на секои четири години, на што се противи УЕФА
Заедничкиот одговор на плановите на Светската фудбалска федерација (ФИФА) за зголемување на Светското клупско првенство (СКП) на 24 екипи беше предмет на расправа на состанокот на најмоќните фудбалски клубови, организиран од Европската фудбалска...






































