Видео: Вулканот на Хаваите пред експлозија
Вулканот Килауе на Хаваите, кој веќе десетина дена исфрла лава, ќе влезе во фаза на експлозивни ерупции со кои ќе исфрла огромни количини на пепел и камења во воздухот, предвидуваат геолозите.
Според наводите на Ројтерс, размерите на таквите ерупции не се забележани уште од минатиот век.
-Се очекуваат уште експлозии и тие ќе бидат се посилни и посилни, информираат од Американскиот...
Исплатата на субвенциите за тутунот почнува од денеска
Од денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Според МЗШВ, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.
- Годинава се постигна највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм, додека со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа што почнува со реколтата...
Дванаесет факти за егзотичното Мароко
Доколку Мароканец ви понуди „сексоу", прифатете го оти е многу вкусно... Ова е само една од занимливостите за егзотичното Мароко кои можеби досега не сте ги знаеле.
1. Мароко е оддалечен од Европа само 13 километри.
2. Бојата со која се изразува жалост не е црна, туку бела. Така на пример, вдовиците носат бело 40 дена по смртта на сопругот.
3. Во...
Косовските лекари и медицински сестри заминуваат во земјите на ЕУ
Косовски лекари и медицински сестри емигрираат во земјите од Европската унија, посебно во Германија, така што многу бргу може да се случи косовските здравствени институции да се соочат со голем недостиг од стручни кадри, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Според истражување на Синдикалната федерација на здравството, дури 73 отсто од анкетираните студенти по медицина изразиле готовност да ја напуштат...
Еден загинат во насилни протести во Иран
Едно лице загина, а шест се повредени во насилните протести во иранскиот град Казерун, на југозападот на земјата, јави иранската агенција Фарс, пренесува АП.
Истиот извор наведува дека демонстрантите запалиле полициска станица.
Фарс јави дека „мал број“ демонстранти се собрале синоќа во овој град на 900 километри јужно од Техеран, каде претходно се одржуваа мирни протести против одлуката на локалните власти...
Брачна двојка пронајде закопано богатство во својот двор
Детскиот сон со пронаоѓање на злато се исполни на еден брачна двојка од Њујорк, кој во својот двор од куќата пронајде метален сеф полн со злато, дијаманти и пари, пишува Њујорк Пост.
Се испоставило дека токму тој сеф вреден 52 илјади долари, кој го пронашле закопан припаѓал на нивниот сосед, кој бил ограбен пред седум години.
Богатството во дворот на Метју...
Мицотакис: Ерга омнес и уставни промени за комплетно решение
Комплетно решение со ерга омнес име и уставна промена, се предусловите за договор меѓу Македонија и Грција, смета лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис кој е во Софија на Самитот на европските народни партии.
- Решението на проблемот со името, треба да биде комплетно, но и едно. А како неопходен предуслов има, не само ерга омнес, туку и...
ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти во „DeadPool 2“
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „DeadPool 2“.
Од режисерот Дејвид Лич според сценарио на Рет Рис, Пол Верник и ѕвездата на филмот лично, Рајан Рејнолдс, доаѓа единаесеттиот дел во серијата X-Men и продолжение на Deadpool филмот од 2016.
Во улогата на омилениот Марвелов антихерој, мрчаторот без влакна на јазикот,...
Во Кривичен рочишта за „Шпион“ и „Трезор“
Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Шпион“ и „Трезор“.
Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје. Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд.
Предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното...
Галуп: Бугарите на страна на Македонија во спорот со Грција
Бугарите ја поддржуваат Македонија за спорот со Грција за името, покажува најнова анкета на Галуп спроведена меѓу 9 и 16 март врз 772 лица.
Имено, 70 отсто Бугари слушнале за преговорите што во моментот ги водат Македонија и Грција за името, а само 26 отсто не слушнале за тие преговори. Според анкетата, повеќето Бугари немаат ништо против името на Република...






































