Гимнастичарките кои беа злоставувани од докторот ќе добијат 500 милиони долари отштета
Универзитетот Мичиген и жртвите на сексуалното злоставување на Лери Насар, поранешен доктор на гимнастичарската репрезентација на САД и на универзитетскиот тим во Мичиген, постигнаа начелен договор според кој Универзитетот ќе им исплати 500 милиони долари.
Адвокатите на двете страни во заедничка изјава соопштија дека, според договорот, 425 милиони ќе се исплатат на 332 жртви застапени во сегашната постапка, додека универзитетот...
Во градовите во 2050 година ќе живее 68 отсто од светската популација
До 2050 година, 68 отсто од светската популација ќе живее во градови во однос на 55 проценти денес, покажа истражувањето на ОН, кое предвидува уште повеќе мегаполиси во иднина.
Проекцијата покажува дека 2,5 милијарди лица можат да го зголемат населението во урбаните подрачја во тој рок. Околу 90 проценти од тоа зголемување ќе се случи во Азија и Африка, прецизира...
Британската премиерка Тереза Меј во официјална посета на Македонија
Делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, предводена од премиерката Тереза Меј, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Церемонијата за добредојде на британската делегација, ќе се одвива на платото пред Владата на Република Македонија, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Меј, како и билатерален состанок на македонската и...
Прирачник за танцување за децата со Даунов синдром
На Факултетот за музичка уметност-Скопје денеска ќе биде промовиран прирачник кој беше подготвен како дел од проектот „И јас сакам да бидам балерина“, поддржан од ЕУ и УНИЦЕФ.
Организатори се Центарот за Даунов синдром во соработка со ФМУ, Катедра за балетска педагогија - современ танц и професорката Искра Шукарова.
Тимот кој работел на овој проект верува дека децата со Даунов синдром имаат потенцијал...
На Хематологија стартува несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки
Една од најсофистицираните тераписки процедури во современата медицина, несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки почнува од денеска да се извршува во целосно реновираниот Оддел за трансплантација при Универзитетската клиника за хематологија-Скопје.
По тој повод, министерот за здравство Венко Филипче ќе се обрати на отворањето на Одделот и презентацијата на процедурата.
Со обезбедување највисоки европски услови и стандарди за хоспитализација на болни кои...
Скопје танцов театар со премиера на „Непознато“
Скопје танцовиот театар вечер во Кино Култура ќе ја одржи премиерата на претставата „Непознато“ која е трета продукција на еднинствената современа танцова компанија во Македонија за 2018 година.
Претставата се состои од две кореографии, првата под наслов „Чудаците“ во кореографија и режија на Матеа Киселичка и „Непознато - фрагменти на извонредна машина“ работена по идеја на Александра Петрушевска.
Во првиот дел настапуваат...
Трамп призна дека платил 100 илјади долари за случајот Сторми
Американскиот претседател Доналд Трамп призна за првпат дека платил повеќе од 100 илјади долари на поранешниот личен адвокат Мајкл Коен, и тоа покрена повторно прашања за неговите врски со порно ѕвездата Сторми Даниелс.
Објавата на тоа признание во согласност со етичките правила, фрли светло на недоследност на објаснувања што Трамп и негови соработници претходно ги изнесоа за исплата на 130...
Завршни зборови за предметот „Тенк“
На денешното судско рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“ треба да бидат дадени завршни зборови за инволвираните во овој процес.
Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена поради „ризична бременост“.
Груевски, Јанкулоска и Поповски се обвинети за набавката...
Сончево со мала до умерена облачност
Релативно сончево и топло време најавија метеоролозите за денеска.
Утринската температура се очекува да биде од 5 до 12 степени, додека дневната ќе се искачи до 29 степени Целзиусови ширум државата, а во Скопје дневната ќе достигне максимални 27 степени.
Стабилно и сончево со умерена облачност ќе биде денеска во главниот град.
За утре синоптичарите најавија стабилно време кое може да донесе...
Херојот на Атлетико го остави својот омилен клуб без трофејот на Лига Европа
Освојувањето на Лига Европа, кај Антоан Гризман веројатно предизвика измешани чувства, со оглед на тоа што головите на францускиот фудбалер за Атлетико Мадрид, го оставија неговиот омилен клуб Марсеј без вредниот трофеј, во вечерашното финале одиграно во Лион, во кое Шпанците славеа со 3-0. Гризман беше стрелец во 21-та и во 49-та минута, додека капитенот на Атлетико, Габи, погоди...






































