Илјадници евакуирани од рускиот град Пугачово поради пожар и експлозии во складиште за муниција

Илјадници луѓе се евакуирани денеска од малиот град Пугачово и околината во централната руска Република Удмуртија, поради пожар и експлозии во складиште за муниција, јави ДПА. Во областа е прогласена вонредна состојба. Пожарот зафати површина од околу 50 хектари во близина на градот Пугачово, на околу илјада километри источно од Москва. Автопатот што минува низ областа е затворен за сообраќај поради континуираните експлозии на...

Рама: Сон ми е Албанците да се обединат под небото на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека никогаш не сонувал за „Голема Албанија", бидејќи има поголем сон - сон за „Голема Европа", под чие небо ќе се обединат сите Албанци. Во интервју за порталот Еуроњуз, Рама изрази жалење поради реакцијата која беше предизвикана од неговата претходна изјава дека еден ден Косово и Албанија би можеле да имаат заеднички претседател. - Тоа не требаше...

Закерберг прифати да сведочи пред Европскиот парламент

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани соопшти дека извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг ја прифатил поканата и ќе се појави на сослушувањето во Брисел. Тајани додаде дека очекува сослушувањето да се одржи следната седмица кога претседателите на парламентарните групи ќе му поставуваат прашања на Закерберг. Според Тајани, ова е чекор кон обновување на довербата на корисниците. Претседателот на ЕП додаде дека...

Полицајци упаднаа во домот на поранешниот малезиски премиер Разак

Група полицајци вечерва упаднаа во домот на поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак. Според очевидци, полицијаците пристигнале во куќата на Разак, набрзо откако тој се вратил од вечерната молитва во џамија. Досега владејачката коалиција на Разак, Националниот фронт, претрпе пораз на изборите на 9 мај, по што викендов новите власти му забранија на поранешниот премиер да ја напушти земјата. Во текот на изборната...

Ципрас на Твитер: Последните метри се секогаш најтешки

Направени е напредок, но има уште пат да се изоди, напиша грчкиот премиер на Твитер во однос на преговорите за името, објавувајќи фотографии од подготвителниот Самит на партијата на европските социјалисти во Софија, во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој присуствуваше и македонскиот премиер, Зоран Заев. - На Самитот на Партијата на европските социјалисти, лидерите ги поздравија досегашните наши...

Макрон: Македонија и Грција преземаат историска улога со посветеноста да го решат прашањето за името

Франција со внимание ги следи политичките процеси во регионот и во Македонија. Македонија и Грција преземаат историска улога со посветеноста во решавањето на прашањето за името. Решавањето на овој спор е позитивно и сериозно наследство за Македонија, рече францускиот претседател Емануел Макрон на вечерашната средба со премиерот Зоран Заев во Софија. Макрон изрази честитки за реформите што ги презема Македонија....

Јункер: Да вложиме напори за опстојување на иранскиот нуклеарен договор

Претседателот на Европската комсија, Жан-Клод Јункер изјави дека треба да се вложат сите напори за опстојување на Договорот за иранската нуклеарна програма и покрај повлекувањето на САД од него. - Пропаѓање на Договорот сериозно ќе ги загрози мирот и стабилноста во тој турболентен регион, изјави Јункер пред заминувањето на Самитот на ЕУ во Софија. Тој нагласи дека на средбата во Софија...

Ердоган и Путин разговараа за ситуацијата во Газа

Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин денеска во телефонски разговор разменија мислења за последните случувања меѓу Израелците и Палестинците во Газа, соопшти извор од Кабинетот на шефот на турската држава. Според истиот извор, тие разговарале за тензиите во регионот, предизвикани од преместувањето на Американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим и за „фактот...

Тајани: Стабилноста на Западен Балкан е клучна за ЕУ

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани денеска во Софија изјави дека за Европската унија клучна е стабилноста на Западен Балкан. - Во следните месеци мора да се занимаваме со Западен Балкан се повеќе и повеќе, оцени Тајани. Пред состанокот на претставниците на Европските народни партии, кој се одржува пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, Тајани изјави дека е добро што се...

Сандерс: САД се уште веруваат дека ќе се одржи средбата Трамп-Ким

САД и натаму се надеваат дека ќе се одржи планираната средба меѓу претседателите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, но подготвени се за тежок преговарачки процес, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс. - Се уште се надеваме дека средбата ќе се одржи и ќе продолжиме по тој пат, но истовремено подготвени сме дека тоа би...