Cruiser ship
Фото: Пиксабеј

Вториот медицински авион со патник заразен со хантавирус денеска слета во Amsterdam, по итна евакуација од крузерот „Хондиус“ во близина на Капа Верде.

Претходно, уште двајца патници од бродот беа транспортирани во холандската престолнина со посебен медицински лет.

Во меѓувреме, холандските здравствени власти соопштија дека жена од Холандија е хоспитализирана поради сомнение за инфекција со хантавирус. Според локалните медиуми, станува збор за стјуардеса на КЛМ која била во контакт со патничка од „Хондиус“, почината од вирусот во Јоханесбурј Јужна Африка.

Случајот предизвика засилени здравствени мерки и следење на контактите на патниците од крузерот.