Борисов: Балканот ќе биде едно од најдобрите места за живот
Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави денеска дека доаѓањето на европските лидери во Софија за Самитот ЕУ-Западен балкан и нивното запознавање со проблемите со кои се соочува регионот претставува успех, но на крајот се зависи од самиот Западен Балкан.
На отворањето на конференцијата „Дијалог со Западен Балкан: Создавање подрачје на раст, безбедност и поврзаност на патот кон Европа“, Борисов изјави дека...
Борисов: Што е можно побрзо да се реши спорот со името
Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска од Софија изрази надеж дека што е можно поскоро ќе се реши спорот со името меѓу Македонија и Грција.
Борисов ова го изјави еден ден пред официјалниот почеток на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Софија, како и ден пред новата тет-а-тет средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас,...
Српска листа се враќа во Владата на Харадинај по Самитот во Софија
Најголемата српска партија во Косово, Српска листа, се очекува да се врати во косовската Влада веднаш по Самитот на Европската унија и Западен Балкан, кој денеска и утре се одржува во Софија, пишува „Газета Експрес“, наведувајќи дека оваа партија, практично, во ниеден момент не ги напушти функциите во Владата на Рамуш Харадинај.
Извори на порталот во партијата, потврдиле дека формалното...
Партиите тактизираат за предлогот Ангеловска – Бежоска да биде нов гувернер на НБРМ
Новиот предлог на претседателот Ѓорге Иванов за жена гувернерка на Народната банка на Република Македонија што доаѓа од редот на професионалци - експерти, сметам дека ја заслужува нашата поддршка, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев.
Анита Ангеловска - Бежоска, актуелен вицегувернер во НБРМ, е новиот предлог на Иванов за гувернер, откако денеска Димитар Богов се повлече од...
Вучиќ: Не добив план за Косово, но има некои индикации
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Софија изјави дека добил „индикации, начела и принципи“ за решавање на Косово, во кои постојат „пристојни работи", но и решенија со кои тој не се согласува.
Тој наглaси дека Србија бара компромисно решение што ќе ги почитува не само интересите на Србите од Косово, туку и интересите на Србија, додавајќи дека за тоа ќе...
Кучан: Македонија покажа решителност, ЕУ и НАТО да го исполнат својот дел од задачата
Претстојниот Самит во Софија ќе ги откочи интеграциските процеси за земјите од Западен Балкан кои беа блокирани поради неможноста за првенствено продлабочување на внатрешните односи меѓу земјите членки во ЕУ, што следствено требаше да доведе до прием на нови земји членки, оцени поранешниот словенечки претседател Милан Кучан на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.
- Кучан, како личен...
Заев-Георгиева: СБ да ги поддржи проектите поврзани за развој на општините
Светска банка да ги поддржи проектите поврзани со локалниот економски развој на општините во Република Македонија, овозможувајќи им поголема финансиска самостојност и создавање услови за економски раст. Ова денеска го истакнаа премиерот Зоран Заев и извршната директорка на Светска банка Кристалина Георгиева.
Како што соопшти владината прес-служба, Заев од денеска престојува во Софија по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан.
Заев и Георгиева,...
Кризната состојба на јужната и северната граница ќе се продолжи за шест месеци
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска даде согласност Собранието да донесе одлука за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница до 31 декември годинава, се со цел да се спречи евентуален наплив на мигранти.
Пратениците Горан Милевски и Павле Богоевски побараа од претставниците на МВР, МО и Центарот за управување (ЦУК) со кризи дополнителни информации зошто...
Македонија и Косово ќе ја зголемат динамиката за отворањето нов граничен премин
Македонскиот амбасадор во Приштина Илија Страшевски денеска оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Косово Бејтуш Гаши, со кого разговарал за текот на работата на двете државни комисии за отворањето и функционализирањето на граничниот премин Станчиќ-Белановце.
Според соопштението на косовското МВР по средбата, двете страни најавиле пораст на динамиката за функционализација на преминот, со цел да се обезбеди...
ЕК бара ОН да назначи специјален претставник за безбедност на новинарите
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека на денешната средба во Брисел со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предложил Светската организација да назначи свој специјален претставник за прашањата поврзани со безбедноста на новинарите.
- Тоа е прашање кое се повеќе не загрижува, и тоа не само во Европа, изјави Јункер.
Тој оцени дека светот е во безредие и оти...






































