Сослушани двајца обвинети за „Монструм“, ново рочиште на 23 мај
Повеќе од пет часа траеше денешното рочиште за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година на кое исказ даваа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири.
Фејзи Азири во судница беше донесен од затворот во Штип, каде отслужува казна затвор за друго кривично дело.
Тој пред Судот се изјасни дека не се чувствува виновен и оти нема врска...
Туск: Му благодараме на Трамп што ја ослободи Европа од сите илузии
Со трговскиот спор околу царините за челикот и алуминиумот и со повлекувањето на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, американскиот претседател Доналд Трамп „ја ослободи Европа од сите илузии“, изјави денеска во Софија првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск.
- Гледајќи ги последните одлуки на американскиот претседател Трамп, некој би можел да помисли дека со таков пријател, не...
Димитров: Очекуваме датум за преговори со ЕУ
Евроинтеграцијата е најдобриот инструмент што го има ЕУ за да им помогне на оние кои сакаат да се променат и да направат реформи, истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на конференцијата за перспективите на Западен Балкан за вклучување во ЕУ, што се одржа денеска во Софија.
Димитров рече дека по позитивниот извештај од ЕК и препораката за преговори,...
Укинати притворите на Едмонд Темелко и Оливер Поповски
Укинат е притворот на екс началникот во МВР Оливер Поповски кој е обвинет за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, како и на градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко, обвинет во предметот на СЈО „Титаник“.
За укинување на притворите за двајцата понудена е гаранција во недвижен имот, а судот побара и мерка претпазливост, односно да...
Новиот состав на Бундестагот ќе ги чини повеќе Германците
Нoвиот состав на германскиот Парламент е со рекорден број пратеници и ќе ги чини даночните обврзници 60 милиони евра годишно повеќе отколку досега, објави „Билд“.
Според нацрт пресметките, трошоците на Бундестагот ќе се зголемат за 9,8 отсто и во оваа година ќе изнесуваат 955,4 милиони евра. Најголем дел од трошоците се за соработници кои ги вработуваат пратениците и кои само...
Јотовски успешно го започна фјучрсот во БиХ
Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски со победа го почна фјучрс турнирот во Добој, Босна и Херцеговина.
Јотовски денеска со 2-0 во сетови го совлада Дане Пропоџиа од Австралија. Првиот сет Македонецот го доби со 6:3, а во вториот беше 6:0.
Мечот траеше 53 минути.
Наградниот фонд на турнирот во Добој изнесува 15 илјади долари.
Инфосис вовела блокчејн тргување меѓу седум банки
Индиската компанија Инфосис соопшти дека вовела блокчејн тргување меѓу седум приватни банки, со што, според компанијата, ќе се подобри сигурноста во банкарскиот сектор на Индија.
Револуционерната блокчејн технологија ветува побрзи и посигурни трансакции во низа области.
Инфосис, втората најголема информатичка компанија во Индија, најавува дека ќе развива свои блокчејн решенија за приватниот сектор, а ќе ги нуди своите услуги и...
МТВ се понуди да го организира ТВ дуелот Заев-Мицкоски
Македонската телевизија денеска ги покани на ТВ-дуел претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според уредникот на Информативната програма на МТВ. Стојан Трпчевски, двајцата лидери би разговараче за прашањата поврзани со актуелната политичко-економска состојба во земјава.
ТВ-дуелот би се реализирал во Македонската телевизија, а терминот би се утврдил во координација со кабинетите на двајцата...
Амазон ги намали цените во супермаркетите Хол Фудс за своите прајм корисници
Амазон воведе пониски цени во синџирот супермаркети Хол Фудс за муштериите кои се претплатници на Амазон Прајм услугата.
Мерката е на сила од денеска, а беше најавувана подолго време, откако минатото лето гигантот во електронското тргување го откупи популарниот синџир супермаркети познат по својата квалитетна, но честопати поскапа и органски одгледувана храна. Во иднина, лицата кои се претплатени на Амазон...
Фабио Барбагало вечерва во Даут Пашин Амам
Институтот Данте Алигиери во Скопје (www.ladante.mk) ќе го оддбележи роденденот на Данте Алигиери со концерт на италијанскиот гитарист Фабио Барбагало кој ќе се оддржи вечерва во Даут Пашин Амам во 19.30 часот.
Овој голем италијански поет е патрон на Асоцијацијата Данте Алигиери (www.ladante.it), а Институтот во Скопје е еден од неговите 482 комитета распростанети во 80 земји во целиот свет.
Главната...





































