Познати финалистите за поетскиот фестивал „Литературни искри“ во Гостивар
Десет поети од Македонија и по еден од Бугарија и Србија се борат за наградите на петтото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2018“ во Гостивар. Жири - комисијата ги избра финалистите во конкуренција на стотина пријавени на конкурсот.
Во финалето влегоа: Жаклина Филипова Свеќаровска, Пеце Цветкоски, Цветанче Костоска, Александар Михајловиќ, Тони Павлески, Никодин Чернодримски, Давор Крстевски, Елена Пренџова,...
Захариева: Две нови балкански земји ќе станат членки на ЕУ до 2025 година
Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева изрази надеж дека две земји од Западен Балкан ќе станат членки на ЕУ до 2025 година.
Захариева во Софија учествуваше на конференцијата на Европскиот економски и општествен комитет, каде што беше побарано интеграцијата на Западен Балкан да остане главен приоритет на ЕУ.
И пешаците прават прекршоци во сообраќајот- 17 казни во Тетово
Во рамките на превентивно-контролни активности што и годинава ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово за поголема безбедност на пешаците и за подобрување на нивната свест и сообраќајна култура, во вторникот на тетовско-гостиварското подрачје од 12 до 16 часот, спроведена е уште една од серијата акциски контроли, соопшти СВР Тетово.
Во тетовската контрола вкупно опфатени биле 25 пешаци, при што...
Дневникот на Ана Франк откри интимни детали
Користејќи дигитални техники за обработка на фотографии, стручни лица прочитаа две страници од познатиот Дневник на Ана Франк, кои девојката ги прекрила со кафеава заштитна хартија.
На тие страници, 13 годишната Ана, Еврејка која за време на Втората светска војна се криела во Амстердам пред да биде откриена од нацистичките војници и депортирана во логор, запишувала непристојни шеги и објаснувања...
Падна снег над Макарска
Над Макарска синоќа падна снег. По жешкото време, кое владееше низ цела Хрватска во последните неколку седмици, температурите нагло паднаа, а во Макарска падна снег.
Температурата на биоковскиот врв Свети Јуре падна на нула степени, а дождот премина во снег.
Во попладневните часови, температурата долж брегот беше само 12 степени, што е пад за околу 15 степени во споредба со...
Шилегов: Тротоарите на Бит-пазар мора да им се вратат на пешаците
Град Скопје нема да отстапи во намерата да ги расчисти тротоарите на Бит-пазар од сите препреки што го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот за сите учесници – пешаците, велосипедистите и возачите, изјави на прес конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Шилегов уште еднаш нагласи дека со отстранување на нелегалните продавачи на тротоарот на булеварот Крсте Мисирков, кај Бит-пазар, ќе се...
Во втор и трет брак почесто стапуваат мажите
Во Македонија лани биле склучени 13.781 брак, а регистрирани се 1.994 разводи. Бројот на склучени бракови во 2017 година, во споредба со 2016 година, е зголемен за 4,4 проценти. Најмногу бракови, 1.771 или 12,9 проценти се склучени август, а најмалку во март, 764 или 5,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество...
Дуетот „Грациозо“ третпат настапи во Мароко
Сопранистката Кристина Палија и пијанистките Невенка Дуковска и Александра Трајкова учествуваа на првото издание на интернационален музички фестивал во Ринкон
Музичкиот дует „Грациозо“ неодамна третпат настапи во Мароко и ја претстави нашата земја на музички фестивал на кој учествуваа уметници од целиот свет. Станува збор за концерт што се одржа во рамките на фестивалот „Мдик Мозаик“ во мароканскиот град Ринкон....
Литературна манифестација „Илинден 2018“
Во насока на промовирање на современите културни достигнувања, општината Илинден од 15 до 19 мај 2018 година ја организира 19-та литературна манифестација „Илинден 2018“. Манифестацијата беше свечено отворена вчера во домот на култура „Илинден“, а централниот настан - поетски митинг „Стихови за душата“ ќе се случи на 18 мај, со почеток во 19 часот, со настап на триесетина писатели...
Сите мои песни се подарок и порака за публиката
Со невиден ентузијазам, Томовска сѐ уште снима, настапува и се надева дека оваа или следната година ќе одржи уште еден голем концерт за паметење, заедно со своите соработници
Виолета Томовска, првата дама на македонската народна музика, иако неодамна наполни 73 години, сѐ уште има енергија, волја и бисерен глас, на верната публика од повеќе генерации да ѝ ги стопли срцата...





































